Д-р Филип Петровски вечерва е гостин во емисијата „Во центар„ со Васко Ефтов. Една од темите кои беа предмет на дискусија е политичката криза која ја наметна опозицијата и законот за медиуми кои беше баран од страна на опозицијата.
Исто така се зборуваше каква е улогата на странците при решавање на политичката криза како и зошто изгледа како постојано странците да се трудат да го заштитат Заев.
Петровски истакна дека и покрај заштитата од странство СДСМ сепак ќе ги загуби и овие избор, пред се поради внатрешниот судир кој владее во СДСМ, односно судир на луѓе кои застанаа зад Заев и оние кои се уште веруваат во политиките на Бранко. Најголемиот хаос настана со лошо планираниот државен удар кој требаше да се случи според СДСМ на 17-ти мај кој што првенствено беше спречен од јавното мислење а потоа и од лошата организација во СДСМ! Тие многу лошо го испланираа и 6-ти мај- додаде тој!
СДСМ не го контролира СОРОС целосно, а СОРОС има огромна контрола на СДСМ! Но не се знае дали тие воопшто ја сфатиле ситуацијата односно дека тоа што тие го планираа на 17 ти мај всушност се случи на 6-ти мај, бидејќи во редовите на СДСМ настана хаос и тие едноставно од внатре ги измешаа работите и не очекуваа дека работите на 6-ти мај кои ги планираа ќе излезат од контрола- истакна Петровски.
Петровски зборуваше и за хаосот во СОРОС и начинот на финансирање од нивна страна на опозициските медиуми како и огромните финансиски средства кои СОРОС ги дава преку грантови со една единствена цел да се созда слика дека државата е во хаос и секако за интересите на опозициската партија.