Петровски: СДСМ се наследници на злосторот на СКМ

Својот политички став во однос на обединението на македонскиот народ, односно Македонија, јас го изложив во моите напред споменати порано дадени објаснувања и тоа обединение на македонскиот народ го сметам како последен долг спрема својот народ, кој е многу измачен, особено со поделбата на Македoнија на три дела од 1912 година. Поради тоа доколку би ја успеал да се префрлам во Америка, ако би ми се дала можност, јас тој свој политички став јавно го изнел со цел да допринесам за обединението на македонскиот народ. Ова е извадок од записник, кој што е објавен во едицијата „Црните страници на УДБА“, а бил изнесен од Обвинителот Бошњаковски во случајот против Методиј Андонов Ченто презентиран од страна на Филип Петровски во синоќешната емисија на Јанко Илковски – „Јади Бурек“, по повод неодамнешната презентација на едицијата под издаваштво на ДАРМ.
-Ченто е многу значајна фигура за која што многу малку се знае, не само што е дистанциран, но е и елиминиран, со тоа е направен историски рез во развојот на мислата на Македонците за посебна држава. Практично е воведена страхо влада, ставено е до знаење дека ако може да се тргне Претседателот може да се тргне било кој, сите од Президиумот на АСНОМ коишто не размислуваат на иста линија, како еден Брашнаров се тргнати, практично ние имаме киднапирање на македонската суверена политичка идеја за слободна држава, истакнува Петровски.
Како што потенцира Петровски, Ченто е апсен зошто сакал Македонија да биде независна.
-На него му забележала УДБА и по тој конткест е апсен, дека сакал да бега од Македонија и да оди на мировната конференција во Париз и да зборува за обединување на Македонија, тоа сакал да го направи под покровитрелство на Америка и Британија, доколку немало да успее тоа да го направи, тој бил спремен да се врати во Егејска Македонија и таму да има вооружен бунт, односно да се бори за обединување на Македонија“.
Дополнително тој истакнува:
„Значаен момент е што се споменуваат САД и Британија, држави кои што денес учествуваат во историските процеси модерни и политички во Македонија, но со една сосема променета улогса, можеби би требало нивните амбасадори да ги прочитаат овие досиеја, да видат каков бил односот на македонците кон нивните дипломатии, односно нивните држави“.
„Ова не е учено во учебниците по Историја, јас пак ќе кажам обединението или обединувањето на македонскиот народ е сметано за нешто што е анахроно или нешто што било фантазија, фантазмагорија, нешто што ние си го замислуваме како романтични националисти“.
„Партијата СДСМ се прогласи за наследник на партијата што ова го правеше на СКМ. Се разбира они сакаа да бидат наследник, ради тоа што тие сакаа да го присвојат имотот , но присвојувајќи го имотот и прогласувајќи се за наследници на оваа структура што вака се пресметуваше со чистата македонска мисла, они се наследници и на злосторот и токму поради тоа и треба да се извинат за тој злостор, тоа е многу сериозна работа која што верувај нема да ја премолчат, само уште не им е јасно што има внатре, рече Петровски.

Пронајдете не на следниве мрежи: