Петровски: Според последните настани не сме на добар пат на поставување на добри меѓуетнички односи

Филип Петровски заедно со Исмет Рамадани беше гостин во дебатната емисија на ТВ Нова.Темата на дебатата беа меѓуетничките односи и меѓународната заедница. 
Според последните настани не сме на добар пат на поставување на добри меѓуетнички односи, односно пред една недела имаме поставување на двоглав орел во Чаир, со карта од голема Албанија, а истиот тој споменик е поставен спротивно на законите. Притоа, се гледа дека на некој не му се важни законите а ни Македонија туку важна им е друга држава и да се креира нестабилност во Македонија, истакна Петровски. 
Истиот градоначалник кој гради дивоградба двоглав орел како и џамија, а води иницијатива да сруши крст кој е одбележје верско на поголемиот дел од населението во Македонија како и доминантна во општина Бутел.  Се разбира дека тоа не е добро бидејќи во овој случај не станува збор ни за верска определба туку станува збор за добивање на евтини политички поени, ДУИ се обидува да поентира над Беса, а за тоа трпи целото население и нивната игра ги премина границите и тие ја загубија контролата над ситуацијата- истакна Петровски
Полицијата во Бутел воопшто не застана во заштита на верското обележје и дозволи вандализмот да владее во општината, Спасовски воопшто не застана во интересите на населението во таа општина, додаде тој. 
А додека Рамадани истакна дека крстот не бил на македонците туку бил крст на ВМРО, а пак орелот исто така не бил на Албанците туку на ДУИ. Сето тоа влијае на влошување на односите токму пред избори, оттука може да се нагласи дека сите може да ги видат скриените намери на опозицијата пред избори да се креираат инциденти бидејќи и самите се свесни дека ги очекува пораз. 
 
 Темата на дебатата беа меѓуетничките односи и меѓународната заедница. 
Според последните настани не сме на добар пат на поставување на

Пронајдете не на следниве мрежи: