Петровски: Странските амбасадори на сите начини се обидуваат да го изолираат ВМРО

Филип Петровски вечерва е гостин во емисијата „Јади бурек“ на Јанко Илковски и даде свој коментар за скорешните случувања во Македонија.„Странските амбасадори на сите начини се обидуваат да го изолираат ВМРО. На некој начин, мора да се најде некој модус вивенди како да се излезе од ситуацијата. Вечерва се чувствува олеснување кај членството и граѓанството. Преку Пржинскиот договор ни беа насадени ликови како Ременски и Оливер за да се докажат како луѓе кои подобро знаат од оваа власт. Ништо не направија, освен што Оливер направи 500 разрешувања, случувањата со спомениците е негово масло со неговото нереагирање и неконтролирање на неговата институција“ – посочи Петровски.
Илковски и Петровски се осврнаа и на Пржинскиот договор и за исполнувањето на условите за избори.
„Пржинскиот договор треба да се прогласи за ништовен и СЈО треба да се укине“ – беше дециден Петровски.
Тој направи паралела на случувањата од 2001 година со оние во 2015.
„Тогашен министер за одбрана беше Бучковски. Треба да се сетат граѓаните дека беше наредено да се топат тенкови и распушти армијата. Македонија се соочи со судир во Танушевци и државата не успеа да реагира како лани во Куманово. Истиот планер на настаните сакаше во 2015 година да ги тестира реакциите на македонските безбедносни сили кои се соочија со терористите и беа разбиени. Затоа кризата продолжува во 2016 година“ – јасен е Петровски.
Неговата теза беше објаснета со фактите дека кога се случуваат најкризните моменти во државата, партиски членови на СДСМ се ставаат на важни позиции, како што е министерството за одбрана и најтрагично е нивното нереагирање на проблемите.
Во врска со шарената револуција, Петровски се држи до ставот дека нивната јачина лежи во сознанието дека можат да прават што сакаат, а да не бидат уапсени.
„Тие што дивеат денес по улиците, знаат дека нема да бидат уапсени затоа што нивен човек се наоѓа на позиција“ – вели тој.„Странските амбасадори на сите начини се обидуваат да го изолираат ВМРО. На некој начин, мора да се најде некој модус вивенди како да се изле

Пронајдете не на следниве мрежи: