Петровски: Тезите на Заев се опасни и можат да доведат до дестабилизација

„Кој и со што влегува во кампања?“ е темата на вечерашната емисија „Аргументи“ со Љубиша Николовски на програмата на ТВ НОВА, на која дебатираат Филип Петровски и Рамадан Рамадани.Не може ако има 500.000 фантоми и 600.000 иселени, а да има околу милион ипол гласачи, да се предизвикува меѓуетничка нетрпеливост со пласирање на спинови и лаги од СДСМ.
Тоа е доказ дека Македонија во последните години беше жртва на терор.
„По инвазијата од страна на Косово во 2011 година и изнудувањето на Рамковниот договор, ние направивме промени какви што ниедно малцинство никаде во светот ги нема. Да речеме, дали Македонците во Албанија ги имаат сите права, дали Македонците и Албанците во Грција ги имаат овие права – не! Ние сме лидер во регионот во светот по имплементирање права на малцинства. Од промената на Уставот се произлезени повеќе закони. Тоа прашање е затворено, но Македонците сакаат да чујат, но и граѓаните од албанско потекло сакаат да слушнат за просперитет. И играњето на Заев за федерализација е директно негирање на Рамковниот договор од 2001 година.“
Која е сметката на Заев, што смета да направи и дали е свесен за своите постапки, Петровски беше дециден:
„Заев сака да редефинира нешто што е вградено во Устав. Албанците имаат свои директори, судии, министри, нема никаква сегрегација.“
Агендата на Заев е редефинирање на државата во федерација, а тоа значи можност за одвојување.
Треба да знае дека во македонското гласачко тело е споредуван со Коте од Руља и го надминува (Повеќе за Коте од Руља ТУКА).
Неговите тези се опасни и можат да доведат до дестабилизација. Заев отвори врата со неговата тактика која му ја соопштуваат странски консултанти или комплетно редефинирање или нема влез во владата.
„Гласачите се свесни за тој опасен чекор на Заев и ќе ги казни неговите лаги“ – рече Петровски.Не може ако има 500.000 фантоми и 600.000 иселени, а да има околу милион ипол гласачи, да се предизвикува меѓуетничка нетрпеливост со пласирање на

Пронајдете не на следниве мрежи: