Петровски: Тие што обвинуваат луѓе за бранење црква во Центар треба да ја погледнат канцеларијата на Иванов

Д-р Филип Петровски гостуваше во емисијата „Пулт“ на Радио Слободна Македонија. Меѓу останатото, тој говореше за дебаклот на СДСМ со фантомските гласачи и за објективноста на СЈО.Непроменет е рејтингот пред политичката криза и изборите од 2014 година. Не паѓа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, но не расте ниту рејтингот на СДСМ.
Што е променето од 24 април кога беше јасно дека СДСМ сака да откаже избори, од предизборниот период на 5 јуни кога СДСМ со меѓународна поддршка се закануваше дека ќе ја сруши власта и сега за 11 декември. Зошто сега би имале избори?
– Се смени геостратешкиот баланс во регионот. Не успеа државниот удар во Турција, не успеа насилниот обид за менување на поредокот кој има свои концептични влијанија во регионот. Стратегијата во Хрватска беше применета во Македонија, Америка преку невладини организации го собори Карамарко и ХДЗ, се одржаа избори и пак победи ХДЗ. Опаѓа влијанието на една амбасада. Со доаѓањето на Трамп, многу сериозно ќе се пореметат плановите на Сорос, Усаид, Клинтонови и целата меѓународна инфраструктура која се смета за светски водач во смисла на уништување на семејните вредности и државни граници, Таа политика доживеа кулминација минатата година, па некаде и во Турција каде доживеа колапс. Сега брзаат за колку-толку да го затворат прашањето да не стои Заев во нејасна позиција – рече Петровски.
Од 500.000 фантоми, беше сведена бројката на 30.000, меѓу кои 27.000 Албанци. Петровски повлече паралела дека проблемот со фантомските гласачи беше токму електоратот кон кој Заев се додворува периодов.
На прашањето како точно треба да се постави власта во однос на надворешните влијанија врз суверенитетот и политичката сцена во државата, Петровски јасно рече дека е потребно повлекување на странските фактори кои премногу се мешаат во внатрешните ребоати на Македонија и побара нашата земја да биде третирана како рамноправен партнер. И најважното, да престанат да наметнуваат типови како Заев, т.е. Коте од Руља.
Скандалот што изби откако СЈО најави тужба за луѓето коишто бранеа црква, а ги штитеше правата на шарените револуционери кои со девијантното однесување и уништување на државна сопственост се претставија на јавноста дека се подготвени да направат сѐ за да заработат повисок хонорар од нивните спонзори, не налета на одобрување кај Петровски.
-Катица е испостава на СДСМ. Провокацијата од албански обвинител, поточно Фатиме Фетаи за обвинувања кон луѓе за штитење на црква е несовесно однесување.
Потсетување до Катица и сите околу неа. Тие што обвинуваат луѓе за бранење црква во Центар треба да ја погледнат канцеларијата на Иванов, да погледнат кои луѓе и 78 невладини организации се наоѓаат на платен список за да прават тензични сценарија во државата, да ги погледнат спомениците и да видат што е девастација. Тие треба да постават еднаков аршин кон обвинетите луѓе од Центар и оние од Порта Македонија. Дури тогаш ќе бидат објективни во очите на народот – објасни Петровски.Непроменет е рејтингот пред политичката криза и изборите од 2014 година. Не паѓа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, но не расте ниту рејтингот на СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: