Кулминира притисокот врз државата, кулминира притисокот врз ВМРО-ДПМНЕ да се погазат некои принципи, да се погазат некои датуми! – истакна Петровски.Директорот на Државниот Архив, Д-Р Филип Петровски, имаше гостување во емисијата „Јади Бурек“ на Јанко Илковски.
„Кулминира притисокот врз државата кулминира притисокот врз ВМРО-ДПМНЕ да се погазат некои принципи, да се погазат некои датуми“, истакна Петровски.
Во емисијата најпрво презентираше дека дел од книгите кои што ги има во Државниот архив може да се најдат онлајн, но исто така може да се купат и во печатена форма
Потоа темата на разговор се сврти кон актуелната политичка ситуација каде Петровски даде свое мислење за прислушкуваните разговори, за договорот од Пржино, како и за „Фабриката за афери“.
Петровски истакна дека има инволвираност на Странски тајни служби во прислушкуваните разговори, а се осврна и на разговорот на Верушевски со „Чадорот“ во кој тој јасно кажува дека има поддршка од странски служби.
„ВМРО го стави интересот на државата пред интересот на партијата, а од друга страна СДСМ ги кочи институциите. СДСМ има желба уште 10 години да нема избори бидејќи се плашат од волјата на народот, па токму поради тоа се им пречи -и медиуми и избирачки список“ – истакна Петровски.
„Според нив дури и Сирија има подобри услови за избори отколку Македонија, но изгледа заборавија дека досега во Македонија имаше фер и демократски избори на кои тие фер и демократски изгубија.“
Со креирање нестабилност, скандали и инциденти не се добиваат избори. Соочени со се помалата поддршка на народот стануваат вулгарни и нетрпеливи.
Петровски ги запраша СДСМ зошто во 1994 год. тие не правеја опструкции кога се формираше тетовскиот Уневерзитет, а зошто сега прават опструкции кога треба да се формира универзитетот Дамјан Груев.
По проследувањето на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Петровски потенцира на нервозата кај народот од тормозењето на Зоран Заев, но и дека ВМРО ќе се справи со тие внатрешни предизвици и дека сета оваа драма ке заврши на избори.
За крај Петровски истакна дека што и да се обиде или како и да се обиде СДСМ да ја дестабилизира државата нема да им успее, народот знае да процени и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со огромна разлика на изборите на 5 јуни.
Целото гостување на Д-р Филип Петровски може да го видите во видеото:Директорот на Државниот Архив, Д-Р Филип Петровски, имаше гостување во емисијата „Јади Бурек“ на Јанко Илковски.
„Кулмини