Петровски: Врбувањето на лица кои работат против македонските интереси се води според тоа да се искорени ВМРО

Во Домот на млади во Штип беше промовирана едицијата „Црните страници на УДБА“ во издание на Државниот архив на Македонија, кадешто одржа говор директорот на Државен Архив на Македонија д-р Филип Петровски. Државната безбедност тогаш била прикажана како орган кој работел како држава во држава. Комисијата сликовито оваа служба ја опишала како централизирана структура која се изолирала сама себе и стоела наспроти заедницата и општеството.
На мета била посебно интелигенцијата. Според извештајот, Службата редовно за своите досиеја собирала материјали поврзани со мислењето на интелигенцијата, посебно во областа на културата и науката. Најбројните кршења на правата на граѓаните се вршени при прибирање на материјали, кога е вршено слушање на телефоните, и е отворана поштата.
Петровски пред насобраните жители на Штип потенцираше дека врбувањето на лица кои работат против македонските интереси се води според тоа да се искорени ВМРО како поим од битисувањето на Македонија – како во историјата, така и денес.
Петровски: Македонија ја има и ќе ја има засекогаш!
–Она што е битно од денешна перспектива е дека моментно постојат две тези на противниците на македонското револуционерно дело коишто се лиферуваат од страна на медиумите блиски до СДСМ и Сорос. Тоа се следниве тези:
Првата теза е: нема ВМРО. Тоа било некогаш и завршило
Втората теза е: дека по изборите треба да се укине ВМРО, односно да се забрани употребата на името како дел од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Нема ВМРО или ако има, да го нема.
Но, ВМРО го има и ќе продолжи да го има.
– Ако тогашната власт во 1945 година малтретирала граѓани, кога структурите на власта се пресметувале со 20-годишни момчиња, тоа значи дека тие повлекле континуитет од некаде порано – дециден е Петровски и додава:
– Каков геноцид е правен, на какви малтретирања беа изложени луѓето кои ја поддржувале вмровската идеја… Мене ми е нејасно како сме продолжиле да ја формираме нашата држава. Со Божјата промисла и несоборливата енергија која и денес ја има, покажуваат дека Македонија ја имало и ќе ја има засекогаш.

Пронајдете не на следниве мрежи: