Аналитичарот и директор на Државниот архив на Република Македонија, д-р Филип Петровски, гостуваше во емисијата „Пулт“ на Радио Слободна Македонија.На почетокот од гостувањето, Петровски потсети кога Зорав Заев го демантираше демантот на СДСМ, кој се однесуваше за плановите на оваа партија за спроведување двојазичност во државата.
Повеќе на оваа тема: Петровски: На Заев му е ветено да биде новиот Коте од Руља
Меѓу другото, Петровски ја откри политичкитата стратегија на Заев за привлекување на албански електорат.
Повеќе на оваа тема: Петровски: Се подготвува насилна поделба на волјата на народот
-Се работи се стратегија промислена, но не од него. Тој е марионета што ја спроведува стратегијата. Таа е продолжување на сѐ она што го прави СДСбезМ во последните 25 години. Тоа е идеолошка реализација на територија на РМ на она што беше зацртано кон крајот на 19 век со Призренска лига. Голема светска сила сака да го држи регионот во заложништво за формирање на Голема Албанија, за да поседува чип во рацете и да ги балансира односите помеѓу државите по промените – вели Петровски.
Повеќе на оваа тема: Петровски: Стигна потврдата за она што го зборев во 2001-та
Според него, Заев е компонентата што се бара за дестабилизација во Република Македонија.
Повеќе на оваа тема: Петровски: Заев со странска помош се обиде, но не успеа, да изврши државен удар
– Ова е филозофско-политички проект на штета на македонскиот народ и територија. Тој знае што спроведува и тој е избран да ја спроведе таа идеја. Тој е продолжеток на политиката на СДСМ која трае 25 години. Гледаме серијал на политичката агенда на оваа партија која со децении ѝ наштетува на државата – вели Петровски.
Повеќе на оваа тема: Петровски: Заев работи на ослабнување на институциите во државата
На прашањето за визионерска идеја за создавање на мултикултуролошко општество, антинационализам и клеветење на неистомислениците, Петровски беше дециден дека Заев со неговата кампања сака само да ги продлабочи несогласувањата помеѓу етничките заедници.
Повеќе на оваа тема: Петровски: Од поделбата на македонија па навака ништо не се променилоНа почетокот од гостувањето, Петровски потсети кога Зорав Заев го демантираше демантот на СДСМ, кој се однесуваше за плановите на оваа партија за с