Филип Петровски: Заев работи на ослабнување на институциите во државата, се користи со лажни тези и прави криминални дела

Д-р Филип Петровски и Исмет Рамадани беа гости во дебатната емисија на ТВ Нова. Тема на дебатата беа меѓуетничките односи и Меѓународната заедница…
На прашањето  дали има решение за ситуацијата, Рамадани заклучи дека решението е во патриите, додека пак Петровски ги наведе институциите. Исмет Рамадани наведе дека  лидерите на партиите, Груевски и Ахмети, се тие кои треба да ја решат ситуацијата во Бутел, на што  Петровски  одговори дека  институциите се тие кои треба да се справуваат со ситуациите од висок безбедносен ризик. „МВР е орган кој што е оформен од државата кој прави проценки на безбедносниот ризик и воспоставува контрола. Вие ја сведувате државата на совет на поглавици, а тоа е неприфатливо“, рече Петровски.
Понатаму, политичарите се навратија на снимените разговори на што Петровски истакна дека Заев ги стекна истите разговори на нелегален начин, без овластување од истражен судија, и дека е нелегално да се слушаат туѓи приватни разговори.
Во текот на дебатата политичарите се навратија и на проблемот со фантомските  гласачи, односно вишокот граѓани во избирачкиот список.
„Излегува дека има 90.000 гласачи, воглавно Албанци, во списокот кои што не се во Македонија. Ќе искочи дека многу од Албанците кои вие си ги броите во процентите  всушност не се во Македонија“, заклучи Петровски. По  аргументите кои ги даде Исмет Рамадани во заштита на Катица Јанева, Петровски заклучи  дека Јанева има време за се, освен за предметот Пуч.
„Катица Јанева нема доволно аргументи и работи непрофесионално и политички, за се има време а за „Пуч нема време“, кажа Петровски и додаде дека на работата на специјалното јавно обвинителство гледа како на циркус.

Пронајдете не на следниве мрежи: