Петта магнетна резонанца во главниот град

Нов апарат за магнетна резонанца ќе набави Здравствен дом – Скопје, aпаратот ќе биде инсталиран во поликлиниката Чаир.
 Процедурата за набавка треба да заврши до летото, а новиот апарат се очекува да биде ставен во функција најдоцна до почетокот на идната година.
-Магнетната резонанца е најсовремен  метод кој е направен во последно време и без кој практично ни еден од докторите, било да се хирушките гранки, интернистичките не можат без него. Тој ни е неопходен за поставување на точна дијагноза во пред оперативната постапка, постоперативна, за следење на одредени онколошки процедури, така да тој е неизоставен дел во точната и правилна дијагностика, вели Надица Митревска, директорка на Клиниката за радиологија.
Таа истакна и дека неговата предност за разлика од компјутерската томографија се надополнува со тоа што дава многу повеќе прецизни детали за болеста и оваа метода нема ризик од зрачење. А со овој апарат скоро и да не постои орган или ткиво со кои не може да се дијагностицира болеста, а  единствено овој метод не може со точност да дијагностицира во делот на белодробните болести, вели Митревска.Процедурата за набавка треба да заврши до летото, а новиот апарат се очекува да биде ставен во функција најдоцна до почетокот на идната година.

Пронајдете не на следниве мрежи: