Петте најбарани криминалци во светот според Интерпол

Меѓу оние кои ги направиле најголемите злодела  како, грабежи, перење пари, убиства и сите останати пропратни криминални активности, Интерпол  најголема “мака“  има да дојде до оние  криминалците за кои целиот свет претставува “терен за игра“. Во продолжение Ви ги претставуваме најбараните криминалци по кои трагаат Интерпол и ФБИ.
После убиството на Осама Бин Ладен, најбараниот криминалец во светот е Хоакин Гузман, мексикански наркобос, лидер на картелот Синалоа.
   1. Хоакин Гузман познат е по прекарот  “Ел Чапо“ или “Краток“ (овој прекар го добил поради својата висина од 167 сантимерти), а  тој после убиството на Бин Ладен стана најбараниот криминалец во светот. Одговорен е за смртта на повеќе илјади луѓе  во пресметките со соперничките картели, полицијата и војската.

Инаку нарко-картелот Синолоа контролира најголем дел од трговијата со наркотици, а тони кокаин од Колумбија преку Мексико стигнуват во Америка под Гузманова команда. Тој во 2001 година побегна од затвор во Мексико и од тогаш е во бегство, а претпоставката е дека се крие во планините на Северно Максико. Неговото богатство магазинот “Форбс“ го проценува на околу сто милијарди долари
  2. Индиецот Дауод Ибрахим Каскар се наоѓа на чело на организираната криминална група позната под името “Д-Компани“, која брои над  пет илјади луѓе, а делува на територијата на Индија, Пакистан и Соединетите Арапски Емирати. Групата се занимава со сите нелегални работи, од трговија со дрога преку кримучарење оружје, до убиства. За Ибрахимовата група Интерпол неведува дека е поврзана со Ал Каеда, додека врз основа на сознанијата на американските безбедносни служби, групата е поврзана и со терористичките напади на Мумбај од 1993 и 2003 година. Се претпоставува дека Ибраими се крие на територијата на Пакистан. 
   3. Рускиот бос Семјон Могиљевич е обвинет за повеќе од 40 кривични дела, меѓу кои и за финансиска проневера направена во САД тешка 150 милиони долари. Неговата група се занимава со трговија на оружје, организирање проституција и рекетирање. 
  4. Сицилијанецот Матео Месина Денаро стана шеф на “Коза Ностра“ по апсењето на Бернардо Провенцано и остантите босови. Денаро е познат и по прекарот “Дијаболик“, а го добил по лик од италијански стрип. Во бегство е од 1993 година.

   5. Интерпол оценува дека рускиот мафијаш Алимџан Токтакунов ја има главната ролја во евро-азискиот организиран криминал, главно во организарање на проституција и рекетирање.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Меѓу оние кои ги направиле најголемите злодела  како, грабежи, перење пари, убиства и сите останати пропратни кри

Пронајдете не на следниве мрежи: