Прочитајте кои се петте најпознати сериски убијци кои биле жени!1.Магдалена Солис
Таа е сериски убиец од Мексико и член на култ. Уште многу млада станала проститутка.Нејзиниот случај е еден од ретките каде што жената- сериски убиец имала јасни сексуални мотиви. Во 1963 таа и нејзиниот брат биле контактирани од страна на еден пар криминалци-браќата Хернандез. Сите жители во селото им плаќале даноци на овие браќа. Тие ги лажеле неписмените селани дека доколку им платат данок, боговите ќе ги наградат со богатство. Но, по неколку месеци селаните сфатиле дека од тоа сепак нема ништо, па се побуниле. Тоа е моментот кога Магдалена заедно со нејзиниот брат биле повикани од браќата Хернандез.
Магдалена побарала принесување на човечки жртви и смислила ритуали кои се состоеле од брутално претепување, горење и сечење на жртвата. Притоа, свештениците ја пиеле крвта на жртвата мешајќи ја со пилешка крв.
Во мај едно 14-годишно момче случајно било сведок на ритуалот, па сето тоа подоцна го пријавило во полиција. Но момчето отишло таму со детектив, каде што биле убиени. Исчезнувањето на детективот било причина да се започне полициска истрага и на тој начин се открил целиот случај. Но Магдалена била осудена на 50 години затвор само за убиството на момчето и детективот( за другите убиства немало докази).
2.Вера Ренци
Таа е родена во богато семејство во 1903 година. Таа била убава и често ги придружувала постарите мажи. Нејзиниот прв брак бил со познат бизнисмен со кој имала и син Лоренцо. Мислејќи дека тој ја изневерува, во неговото вино ставила арсен, а на сите им велела дека ја напуштил. Нејзиниот втор маж исто така исчезнал. Но, Вера после двата брака одлучила дека и е доста од брак, но не и од мажи. Имала многу љубовници се додека не била пријавена во полиција од страна на лута жена( која очигледно била жена на некој од нејзините љубовници).
Откако по пријавата, полицијата случајно и ја пребарала куќата, пронашла 32 машки тела во различни фази на распаѓање, секој во свој ковчег. Меѓу нив бил и нејзиниот син Лоренцо. Таа ги признала сите убиства и била осудена на доживотен затвор.
3.Сач и Волтерс
Сач и Волтер ја започнале својата ужасна операција со надеж дека ќе се збогатат. Сач започнала да ја промовира својата идеја за оставените бебиња, односно сите родители кои не можат да ги чуваат своите бебиња може да ги донесат кај неа, а таа ќе им плати. Секако клиенти најчесто биле девојките кои не можеле да ги задржат нивните деца. Откако бебето ќе се роди, нејзината помошничка Волтерс го труела. Тие биле фатени, а вкупниот број на жртви не можел да се утврди. Сач и Волтерс биле осудени на смрт со бесење.
4.Мариа Сваненбур
Таа е позната по тоа што сакала да се грижи за децата и болните лица во нејзиното сиромашно соседство. Во текот на три години, таа ги труела членовите од семејства во кој работела, вклучувајќи го и нејзиното. Откако ќе ги убиела ги собирала сите вредни работи, тврдејќи дека чесно ги заработила со своите услуги. Некоја од нејзините жртви успеала да ја избегне смртта, па така таа била откриена. Фатена е во 1883 година, извршила 90 убиства, а одговарала само за 3. Била осудена на живот во воспитно-поправна институција.
5.Хелен Јегадо
Таа била родена во 1803 година, работела како слугинка уште од девојче. Како и повеќето жени своите жртви ги труела со арсен. Првата жртва ја отрула во 1833 година, потоа отрула уште седум лица, но поради тоа што имало колера во областа никој не бил обвинет. Во 1850 година, отрула неколку службеници во домаќинството каде што работела. Кога се побарало да се направи обдукција на една од жртвите, Хелен била откриена. Потоа била осудена на смрт.1.Магдалена Солис
Таа е сериски убиец од Мексико и член на култ.