Peugeot конечно ги откри техничките спецификации на својот 208 Т16 Pikes Peak тркачки автомобил. На добро познатата трка на 30ти јуни, зад воланот на овој автомобил ќе се најде легендарниот Себастијан Леб.
Амбицијата за победа на Французите на трката може да се забележи преку овој автомобил кој може да се опише како прав „ѕвер“, а лесно е и да заклучите зошто.
Придвижен е од средишно поставен би-турбо V6 мотор, основан од единицата која се наоѓа на моделот Peugeot 908, кој може да се пофали со 875 КС, што е повеќе од болидот на Формула 1. Ако земеме во обзир дека е тежок 875 кг, доаѓаме до заклучок дека автомобилот има извонреден однос на сила и тежина од 1 КС по килограм.
Peugeot објавија дека 208 Т16 Pikes Peak до „стотка“ забрзува за 1,8 секунди, а до 200 км/ч за 4,8, додека пак од нула до максималната брзина од 240 км/ч развива за само 7 секунди. За ваквите перформанси не е заслужна само силата и аеродинамиката, туку и неговиот погон на сите четири точки.Peugeot конечно ги откри техничките спецификации на својот 208 Т16 Pikes Peak тркачки автомобил. На добро познатата тр
Пронајдете не на следниве мрежи: