Philip Morris International кон иднина без чад

Philip Morris International Inc. (ПМИ) денес ја потврдува својата посветеност кон креирање на иднина без чад. Со повеќе од 1 милион возрасни пушачи кои се имаат префрлено кон IQOS, динамиката започнува да расте зад големите напори на компанијата да промовира производи кои не испуштаат чад и кои на крајот би ги замениле цигарите. Новата веб страница на ПМИ нуди поглед кон нивната визија за иднината и како нивните нови производи ќе имаат значителен ефект на возрасните пушачи и општеството.„Возрасните пушачи бараат производ кој нуди задоволителен вкус, ритуал, како и задоволството кое произлегува од цигарите, но со помала количина на штетните соединенија кои се наоѓаат во чадот”, изјави Тони Снајдер, Потпретседател за комуникации во ПМИ. “По повеќе од десет години истражувања и развој, денес науката и технологијата ги направи овие производи реалност за 1,1 милијарда пушачи низ светот”.
IQOS е еден од четирите производи на ПМИ кои не испуштаат чад, со кои се таргетираат потребите на возрасните пушачи, како и нивните разни преференци. Станува збор за тутунски производ кој се загрева, а беше лансиран во 2014 година и се очекува да биде достапен во поголемите градови на повеќе од 30 пазари во 2017 година.
Од 2008 година, ПМИ има вработено повеќе од 400 научници и експерти и има инвестирано над 3 милијарди американски долари во истражувања, развој на производи и научна поткрепа. Резултатите од научните истражувања за потенцијалот за намален ризик на IQOS се навистина ветувачки и компанијата отворено ги споделува своите научни методологии и сознанија до независна трета страна, која ги разгледува и верифицира. Во декември 2016 година ПМИ поднесе апликација за тутунски производ со модифициран ризик IQOS до Центарот за тутунски производи во Американската Агенција за храна и лекови.
Снајдер дополни, „Оптимисти сме за иднината додека работиме на постепената транзиција на постоечките цигари на ПМИ во потенцијално помалку штетни алтернативи. Ова е огромна прилика за позитивно влијание на јавното здравје, со понудата на подобри избори од континуирано пушење и ние не можеме да го направиме ова сами. Придонесите од експертите по јавно здравје, научната заедница и регулаторите значително ќе го забрза процесот на промена од традиционални цигари кон производи кои не испуштаат чад”.
За да дознаете повеќе за тоа како ПМИ ја дизајнира иднината без чад, ве молиме посетете ја новата веб страница на компанијата www.pmi.com„Возрасните пушачи бараат производ кој нуди задоволителен вкус, ритуал, како и задоволството кое произлегува од цигарите, но со пом

Пронајдете не на следниве мрежи: