Што би се случило доколку наместо кафе, чај сокови вино или друг напиток би пиеле само вода секој ден? Дали тоа би имало некој ефект? Блогерот Крис Бејли вели дека пиел само вода еден месец и сфатил 10 важни работи.Крис инаку пиел кафе, алкохол и слатки сокови, но се решил да види што ќе се случи ако сите тие напитоци ги замени со обична вода.
1.Секојдневно пиете 400 калории
Просечен човек низ алкохол, сокови кафе и чај со шеќер и други напитоци внесувате 400 калории во текот на денот. Доколку сето тоа го замените со вода, внесувате многу малку калории и на тој начин ќе се намалат килограмите.
2.Постојат неколку индиректни фактори за пијалок
Не пиете сокови и кафе само кога сте жедни, туку постојат и неколку индиректни фактори поради кои дури и несвесно, посегнувата по напитоци кои донесуваат калории:
Тоа се:
-друштво(кога ќе седнете во некое кафуле)
-Енергија(кофеин пред теретана)
-Уживање(после напорен ден)
-Освежување
-Здравје
-Зависност
-Задоволство
-Опуштање
Потребно е да одредите кои се вашите фактори за внесување калории и да ги избегнувате.
3. Кофеинот ги подобрува вашите атлетски перформанси
Со други зборови ако испиете кафе пред теретана ќе имате многу повеќе енергија. Крис вели дека тој го практикувал тоа па овој месец додека пиел само вода послабо вежбал.
4.Она што го пиете многу влијае на нивото на енергија
Можеби не сте свесни дека тоа што секојдневно го пиете навистина влијае на вашата енергија. Крис вели дека откако исфрлил се освен водата забележал дека нивото на енергија му е многу стабилно во текот на денот.
5.Тоа што го јадете исто така многу влијае на енергија
Тоа што не може да го забележите се додека во целост не се откажете од кафе и сокови, вели Крис, е тоа дека она што го јадете влијае на енергијата и на тоа како се чусвтвувате. На пример, ако после оброкот пиете пиво или две, ќе се почувствувате опуштено но и мрзеливо, а можеби всушност баш од тој оброк кој сте го внеле донел до тоа чувство. Затоа малку повеќе треба да внимавате што јадете и како се чувствувате после тоа, независно од пијалокот кој сте го пиеле.
6.Кафето и чајот го хидрираат телото подеднакво добро како и водата
Во текот на својот експеримент, Крис поминал доста време истражувајќи како кафето, чајот и другите напитоци влијаат на телото во однос на водата и сфатил дека се подеднакво хидратантни исто како и самата вода. Се освен алкохолот кој навистина дехидрира и треба да се пие во комбинација со многу вода.
7.Станете благодарни за она што го имате
Крис не ги следел само физичките туку и менталните промени- сфатил дека во текот на тие 30 дена чувствувал големо чувство на благодарност за она што го има. Иако на почетокот му било многу тешко да не пие кафе или соколви, брзо сфатил дека има привилегија да живее во свет во кој има вода колку што сака, има струја интернет, и има многу работи кои други ги немаат.
8.Водата е подобра од сексот
Покрај тоа што е најздрав напиток во светот, водата е воедно бесплатна, ви помага да размислувате подобро, го намалува ризикот од многу болести, влијае на изгледот на лицето и целата кожа и го забрзува метаболизмот. Се уште не верувате дека е подобра од сексот?
9.Кафето треба да се пие стратешки
Ако кафето ви е потребно за да бидете продуктивни, нешто погрешно правите, вели Крис. Имено, доколку секојдневно пиете по две до три кафиња, вашиот организам ќе се навикне на тоа и тогаш кафето нема да има подеднакво поинаков јак впечаток. Токму затоа кафето треба да го пиеме стратешки не кога имаме потреба.
10.Кофеинот го подобрува фокусот, но ја намалува креативноста
Навистина кофеинот го подобрува фокусот, и може да бидете продуктивни, но ја намалува креативноста, како? Така што за креативноста потребно е да го пуштите малку умот да лута, а кофеинот ве тера да се фокусирате.
Крис инаку пиел кафе, алкохол и слатки сокови, но се решил да види што ќе се случи ако сите тие напитоци ги замени со обична вода.



