Полн со антиоксиданти. Ги исфрла мастите од телото, а токсините од цревата

Овој пијалак е полн со антиоксиданти и помага при слабеење. Започнете го секое утро со овој напиток и ќе видите како се менува вашето тело!

Состојки:
1 лажичка чиа семе (5 г)
една и пол чаша вода (300 мл)
1 лимон
1 лажица мед.


Приготвување:

Во 100 мл вода ставете чиа семе и оставете го да отстои еден час. Потоа исцедете го сокот од лимон и измешајте го со чиа семето. Додадете ја преостанатата вода и медот.
Овој хранлив напиток пијте го секое утро пред појадок.
Овој пијалак е полн со антиоксиданти и помага при слабеење.
Чиа семето содржи 5 пати повеќе калциум од млекото; има повеќе антиоксиданти од боровинките; 3 пати повеќе железо од спанаќот; содржи многу повеќе влакна од овесните снегулки; голем број на протеини.

Придобивките од овој пијалак:
1. Предизвикува ситост и помага во регулирање на апетитот
2. Помага да го храниме нашето тело со витамини и минерали
3. Спречува предвремено стареење
4. Го подобрува варењето
5. Помага во борбата против вишокот килограми
И лимонот и чиа семето се природни антиоксиданти кои ќе помогнат да се исчисти телото од токсини, да се отстранат резервите на маснотии од телото; тој е добар диуретик и се бори против опстипација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.