Дали знаевте дека овие пијалоци го забавуваат стареењето. Проверете колку ги користите на дневна основа:
Вода. Хидратацијата на вашиот организам е клучна доколку сакате вашето лице да не изгледа уморно и без сјај. Верувајте, кожата ќе ви биде благодарна.
Кафе. Истражувањата покажаа дека 1 до 2 шољи црно кафе на ден не само што е добро за срцето , туку е и одлично за забрзување на метаболизмот.
Зелен чај. Напијте се шоља зелен чај после секое јадење. Тој не само што го забрзува метаболизмот, туку и штити од појавата од рак на дојка.
Топло какао. Според истражувањата, топлото какао има многу повеќе антиоксиданти отколку кафето, црвеното вино или зелениот чај. Затоа, трудете се да испиете барем 1 шоља какао дневно.
Црвено вино. Секојдневно уживајте во 1 чаша црвено вино. Кога пиеме црвено вино, нашето тело произведува состојка т.н Piceatannol која го забрзува топењето на мастите.
Млеко пред спиење. Пред да си легнете, напијте се една чаша млеко – калциумот е добредојден за вашите коски, а протеинот е одличен за муслулите. Следното утро ќе се разбудите со поголема енергија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.