Дваесет и пет годишниот Д.Д. од Штип вчера преживеал вистински хорор откако неговиот татко, С.Д. (48), се обидел да го нападне попладнето околу 18 часот.Семејниот инцидент се случил најпрво во куќата кога по расправија, таткото земал нож и почнал да го брка синот кој успеал да избега. Потоа таткото се вратил во куќата, го запалил троседот, скршил шише и се расекол со ножот кој го имал.
Но, тука драмата не завршила. Синот кој подоцна се вратил во куќата околу 21:15 часот пријавил во полиција дека неговиот татко запалил две фотелји во дворот од семејната куќа, пуштал гласна музика и викал.
По пријавата полицијата излегла на лице место и го забележала С.Д. како седи во автомобилот слушајќи гласно музика. Штипјанецот видно под дејство на алкохол се оглушил на наредбите на полициските службеници по што бил приведен и задржан во полициска станица до отрезнување. Од извршеното алкотестирање било утврдено дека таткото имал 2,66 промили алкохол во крвта.Семејниот инцидент се случил најпрво во куќата кога по расправија, таткото земал нож и почнал да го брка синот кој успеал да избега. Потоа таткото