Пијано момче се забило во столб, ЗАГИНАЛ неговиот МАЛОЛЕТЕН пријател!

Жителите на Петрињ во Хрватска долго ќе ја паметат овогодишната божиќна ноќ, бидејќи во неа згасна животот на 15-годишниот Матео Крижановиќ, ученик на Средното медицинско училиште во Загреб.Имено, Матео бил со друштво во дискотека, каде пријателите последен пат го виделе, а потоа околу два и пол часот тргнал пешки за дома. Кога бил на петстотини метри од куќата, наишло неговото друштво во возило Голф и го повикале да им се придружи. Матео се согласил, седнал на совозачкото место. Тоа бил кобен потег.
На помалку од стотина метри од неговата куќа, пијаниот возач (18) на Голфот се забил во бетонски столб. Ударот бил таков што пожарникарите чија база е во близина слушнале тап удар. Веднаш тргнале и стигнале буквално за минута. Морале да ја сечат колата за да го извлечат несреќното момче, но за Матео било доцна. Починал во 3 часот и 4 минути, на местото на несреќата оддалечено неколку десетици метри од куќата на неговите родители.
Причина за несреќата е голема брзина и алкохол. Кај 18-годишникот кој управувал со возилото биле измерени 1.98 промили алкохол во крвта.
Возачот кој е уапсен не е повреден.
Уште едно момче здобило тешки повреди и се наоѓа во болница, пишува 24сата.хр.Имено, Матео бил со друштво во дискотека, каде пријателите последен пат го виделе, а потоа околу два и пол часот тргнал пешки за дома. Кога бил на

Пронајдете не на следниве мрежи: