Пијте го секое утро овој сок и НЕ ГРИЖЕТЕ се за цревата и килограмите!

Доматот најчесто го користиме за салата или како кечап. Сепак, ретко се пие како сок. Тоа е голема грешка. Овој сок има благотворно дејство за целиот организам и е вистинска ризница за здравјето.1. Содржи многу витамини
Свежиот сок од домати е одличен извор на витамини А и Ц. Со редовното пиење на овој сок ќе ги спречите евентуалните проблеми со видот, ќе го подобрите имунитетот, а ќе помогне и при одржувањето на здравјето на забите и коските.
2. Штити од рак
Доматот е одличен извор на ликопени кои ја спречуваат појавата на неколку различни видови рак, меѓу кои е ракот на белите дробови, простатата и панкреасот.
3. Штити од срцеви заболувања
Доматот изобилува со витамин Б6. Се верува дека витаминот го разбива хомоцистеинот – аминокиселината која ги оштетува крвните садови и со тоа води до болест на срцето.
4. Го намалува нивото на холестерол
Благодарение на ниацинот, сокот од домати го намалува нивото на лош холестерол во крвта, а го крева нивото на добриот.

5. Помага при слабеење
Влакната во доматот даваат чувство на ситост, па ќе ви бидат од голема помош ако сте на диета.
6. Го чисти телото од токсини
Во нашето тело се наоѓаат многубројни токсини и адитиви кои ги внесуваме преку храна. Доматот ја потпомага работата на бубрезите и црниот дроб, а со тоа и го чисти организмот.
7. Ги елиминра слободните радикали
Само една чаша сок од домати дневно ќе го спречи настанувањето на слободни радикали во организмот кои се одговорни за настанување на многу болести. Доматот е и одличен извор на антиоксиданти кои можат да го спречат дејствувањето и настанувањето на слободните радикали.
8. Го подобрува тенот
Може да пиете сок, а и да го нанесете на кожа. Ќе ви биде од помош ако имате проблем со акни и проширени пори.
9. Го стимулира варењето
Ако имате проблем со варењето, овој сок сигурно ќе ви помогне. Овој сок ќе ви го олесни варењето и повеќе нема да страдате од запек.
Пожелно е да се консумира сокот од домати наутро пред појадок, со цел да постигнете подобри резултати.

Пронајдете не на следниве мрежи: