Според најновите истражувања, пивото може да ве заштити од Алцхајмерова болест, помага во губење на тежината и го намалува ризикот од срцеви заболувања.Во прилог на тоа се резултатите од најновите истражувања кои откриваат дека лицата кои „умерено конзумираат пиво“ имаат дури 42% помали шанси да заболат од срце.
Исто така, едно шише пиво (половина литар) може да го намали ризикот од појава на камен во бубрегот за дури 40%.
Стручњаците открија дека и силициумот кој се наоѓа во пивото ја намалува количината на алуминиум во системот за варење и со тоа го намалува насобирањето на метал во организмот и мозокот, што претставува одличен борец против Алцхајмеровата болест.
Што се однесува на „пивскиот стомак“, научниците тврдат дека немаат докази дека пивото дебелее туку тврдат дека помага во намалување на вишокот килограми.
Конзумирањето пиво ја подобрува работата на жолчката, помага во намалување на мастите. Содржи многу влакна, па од само две чаши пиво го осигурувате внесувањетп од 10 до 30% од препорачаната доза која ни помага да се чувствуваме сити.
Меѓутоа, покрај доказите за здравствените предности, сепак научниците посочуваат дека редовната конзумација на пиво може да ја зголеми појавата на карцином на грлото, дојките кај жените, да допринесе за мозочен удар, висок крвен притисок, болести на панкреасот, намалување на плодноста.Во прилог на тоа се резултатите од најновите истражувања кои откриваат дека лицата кои „умерено конзумираат пиво“ имаат дури 42% помали