Доколку се` уште не сте ги поправиле сите оцени, или пак за некој ден ви почнува испитниот рок, добро е да знаете дека зелениот чај ја подобрува меморијата.Научниците тврдат дека зелениот чај подобрува неколку когнитивни функции, посебно нашата способност за меморирање при работна активност. Новите сознанија исто така сугерираат дека овој напиток би можел да се користи за третирање на деменцијата и другите психички пореметувања.
Ново истражување на Универзитетот во Базел, откри дека екстрактот на зелениот чај може да го подобри квалитетот на поврзувањето на мозочните клетки, пришто се покажало дека кај луѓето кои редовно консумираат зелен чај значително се поправа извршувањето на задачите кои се поврзани со меморијата за работа. Исто така, зелениот чај се покажа како добар при третирањето на губењето на памтењето кои е предизвикано со некое психолошко пореметување.
Инаку, на волонтерите им беше дадено да пијат екстракт од зелен чај пред извршување на задачите кои се поврзани со меморијата за работа. Следејќи ја активноста на мозокот по пат на магнетна резонанца и скенер, научниците забележале значително зголемување на поврзаноста помеѓу париеталниот и фронталниот кортекс на мозокот.Научниците тврдат дека зелениот чај подобрува неколку когнитивни функции, посебно нашата способност за меморирање при работна активност. Новите соз



