Фудбалерот на Барселона Џерард Пике и пејачката Шакира, живеат во складен брак во кој добија двајца синови, а Пике неодамна откри и како ја освоил атрактивната пејачка.„Се запознавме во Мадрид на снимањето на спотот за песната Waka Waka, пред почетокот на Светското првенство во 2010 година, во Јужна Африка. Тука ѝ го побарав бројот. Таа пристигна во Јужна Африка пред нашата селекција бидејќи пееше на церемонијата за отворањето“ – ја започнал приказната Пике.
„Ѝ пратив порака со прашањето какво е времето во Јужна Африка, со оглед дека требаше и ние наскоро да пристигнеме таму. Тоа е глупаво прашање и секако дека очекував одговор: `Ладно е, земи капут`“ – се присетува Пике.
Меѓутоа, овој одговор од Шакира не го очекувал.
„Таа напиша роман со сите детали околу промената на температурата од ден во ден. Си помислив: `Господе, ова не е нормално`. Се допишувавме за време на Првенството, но единствена шанса повторно да ја видам беше финалето бидејќи таа пееше и на церемонијата на затворањето. Ѝ реков дека доколку играње во финалето е потребно за повторно да ја видам, тогаш и ќе дојдеме до финалето. И тоа беше втор пат да се видиме, по финалето на Светското првенство“ – објаснил Пике.„Се запознавме во Мадрид на снимањето на спотот за песната Waka Waka, пред почетокот на Светското првенство во 2010 година, во Јужна Африка.