ПИЛЕШКА ЧОРБА: Домашна чорба по рецептот на БАБА

Домашна чорба по рецептот на БАБАЗа оваа пилешка супа ви е потребно:
1 пиле
2 моркови
1 корен од магдонос
3 помали главици кромид
1 праз
1 чаша млеко
1 јајце
зачини, сол, бибер во зрна, мелен бибер, ловоров лист
– Снопче магдонос
Подготовка:
Исчистениот зеленчук исечете го на поголеми парчиња. Пилето добро измијте го и ставете го во поголемо тенџере. Додадете го зеленчукот и зачините и сето тоа прелијте го со ладна вода. Тенџерето поклопете го и се заедно варете на тивок оган околу 2 часа (додека месото не се развари). Кога месото ќе се свари , извадете го од тенџерето и отстранете ја кожата и коските, а месото искинете го на парчиња. Еден дел од месото можете да го вратите во чорбата,а  другиот искористете го за друго јадење, на пример ориз и пилешко.
Кога чорбата ќе биде при крај, изматете чаша млеко со едно јајце и тоа додадете го во чорбата додека се уште врие. Нека се крчка се заедно уште 10 минути. На крајот додадете го ситно исечканиот свеж магдонос.
Послужете топло.
Напомена: Вака подготвената чорба задолжително чувајте ја во фрижидер, ако не се изеде веднаш. За оваа пилешка супа ви е потребно:
1 пиле
2 моркови
1 корен од магдонос
3 помали главици кромид
1 праз

Пронајдете не на следниве мрежи: