Според резултатите од студијата која ја спровеле истражувачи од универзитетот Небраска во Омаха, а која е објавена во медицинското списание “Chest”, пилешката супа има антивоспалително делување и може да помогне во борба против настинките.Истражувачите посебно го проучувале движењето на неутрофилите со цел да видат дали истите во комбинација со пилешка супа ќе бидат блокирани или намалени. Тие откриле дека движењето на неутрофилите се намалени во комбинација со супата, што упатува на можен антивоспалителен механизам кој би ја ублажил настинката.
-Постојат состојки во пилешката супа кои можат да делуваат врз клетките во телото кои би можеле да имаат медицинско влијание, изјавил д-р Стивен Ренард.
Со оглед на тоа што ваквата студија била спроведена во лабораториски услови, а не врз човечки испитаници, Ренард предупредува дека мораат и понатаму да го истражуваат апсорбирањето на материите кои се покажале како делотворни.
-Пилешката супа може многу да помогне при намален имунитет, но мораме уште да истражуваме, изјавил тој.
Според резултатите од едно истражување кое било спроведено пред четириесет години, аромата, зачините и топлината на пилешката супа ги чисти синусите и дишните патишта.
Научниците се согласни дека пилешката супа, посебно домашната, помага при настинки бидејќи има висока хранлива вредност поради изобилството од витамини и минерали.Истражувачите посебно го проучувале движењето на неутрофилите со цел да видат дали истите во комбинација со пилешка супа ќе бидат блокирани или нам