Имаме вкусен предлог за ручек. Пилешко со шампињони!Еве како да го подготвите…
Потребно е:
500 г бело месо
500 г шампињони
1 голема главица кромид
2 чешниња лук
1 поголем морков
1 лажица зачин
Бибер по желба
2 лажици кисела павлака
1 лажица густин
За прилог:
200 г ориз
1 лажица куркума
1 лажица зачин
Подготовка:
1. Исецкајте го кромидот заедно со лукот и морковот и пропржете.
2. Во друг сад подгответе го белото месо. Одвојте го од коските и исецкајте го на мали шницли.
3. Секоја шницла извалкајте ја во брашно, па поредете ја врз издинстаната смеса.
4. Налејте го месото со 2 дл вода и динстајте на тивок оган 30 минути. Повремено промешувајте.
5. 10 минути пред крајот, додадете ги исчистените шампињони, кои претходно сте ги исекле на половина.
6. По десет минути додадете го претходно изматениот густин во малку вода, а потоа и две лажици павлака. Нека проврие една минута, тргнете го од оган и зачинете.
7. Сварете го оризот и ставете го како прилог.
Добар апетит!Еве како да го подготвите…
Потребно е:
500 г бело месо
500 г шампињони
1 голема главица кромид