Македонскиот кошаркарски селектор го објави списокот на нашата селекција за Европското Првенство во Словенија.Конечните 12 кошаркари кои ќе ја претставуваат Македонија на Евробаскетот во Словенија се: Александар Костоски, Владо Илиевски, Дарко Соколов, Лестер Бо Мекејлеб, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Владимир Брчков, Тодор Гечевски, Перо Антиќ (капитен), Стојан Ѓуроски, Ѓорѓи Чековски и Предраг Самарџиски.
Нашата репрезентација за Словенија заминува утре, попладне, и пред новиот натпревар во Црна Гора закажан за среда, ќе одработи неколку тренинзи.
Од среда (4-ти септември) до понеделник (9-ти септември) нашите кошаркари ќе одиграат пет натпревари во рамките од првата групна фаза против селекциите на Црна Гора, Литванија, Србија, БиХ и Летонија.
Учество во втората осминофинална фаза би обезбедиле доколку се пласираме на првите три места во групата, а доколку успееме во таа намера, би разигрувале во наредната фаза со најдобро-пласираните три репрезентации од Групата „А“ каде се наоѓаат селекциите на Украина, Велика Британија, Франција, Германија, Израел и Белгија.
Извор/Фото: www.basketball.org.mkКонечните 12 кошаркари кои ќе ја претставуваат Македонија на Евробаскетот во Словенија се: Александар Костоски, Владо