Пиратската партија на Исланд ќе се обиде да состави нова влада

Претседателот на Исланд Гудни Јоханесон, ѝ даде задача на лидерката на радикалната Партија на пиратите, Бригита Јонсдотир да состави нова влада, откако две од најголемите парламентарни сили не успеаја да постигнат спогодба за формирање коалиција.Партијата на пиратите, која го освои третото место на парламентарните избори во октомври, се надева дека ќе успее да постигне договор за петпартиска коалиција со уште четири партии, претставени во Парламентот, Движење на левите зелени, Социјалдемократската алијанса, партијата „Светла иднина“ и Партијата за обновување.
Заедно со нив „пиратите“ ќе располагаат со 34 пратенички места, а за мнозинство ѝ се неопходни 32. 
– Се надевам дека ќе пронајдеме начин да работиме заедно, изјави Јонсдотир по средбата со претседателот.
Таа одби да каже кој ќе биде новиот премиер, со образложение дека преговорите не стигнале до таму. 
Партијата на пиратите, која беше формирана од група хакери, активисти за заштита на слободата на Интернет и различни политички активисти, располага со десет места во 63-члениот Парламент на Исланд.
Предвремените избори во октомври беа свикани, откако со т.н. Панамски документи беше откриено дека премиерот Сигмундур Давид Гунлаугсон поседува сметки во офшор компании и тој беше принуден да поднесе оствака, предизвикувајќи политичка криза.Партијата на пиратите, која го освои третото место на парламентарните избори во октомври, се надева дека ќе успее да постигне договор за петпартиск

Пронајдете не на следниве мрежи: