„Пирели“ демантира вина за „катастрофата“ на Силверстоун

Италијанската компанија „Пирели“ ги отфрла нападите за наводно нивна вина за лошата издржливост на гумите за време на трката за Големата награда на Британија.
Од „Пирели“ соопштуваат дека подготвиле значително посилни пневматици за трката во Германија наредниот викенд, по низата инциденти што се случија на патеката Силверстоун во Велика Британија.
Оваа компанија ги отфрла критиките за нивна вина и нагласи дека самите тимови се самите виновни за лошата реакција на пнеуматиците, бидејќи тие намерно ставале десни задни пнеуматици таму каде што треба леви.Италијанската компанија „Пирели“ ги отфрла нападите за наводно нивна вина за лошата издржливост на гумите

Пронајдете не на следниве мрежи: