Пишев: Додека Зоран Заев зборува за просечна плата, да одговори колку луѓе кај него земаат минимална плата, а има сознанија дека земаат и помалку од тоа!

На лицемерието на Заев и СДСМ им нема крај. СДСМ продолжува да се расфрла со своите нереални ветувања од својата памфлет програма, реагира Васил Пишев. Во продолжение интегрален пренос на реакцијата.Зоран Заев и СДСМ немаат никаков кредибилитет да говорат ниту за минималната плата, ниту пак за просечната плата во Република Македонија.
Во време кога СДСМ беше на власт, минимална плата и не постоеше, додека пак просечната плата изнесуваше ниски 11.800 денари.
Зоран Заев без ниту тронка срам, шетајќи низ цела Македонија на граѓаните им ветува минимална плата од 16.000 денари и просечна од 30.000 денари.
Додека истовремено на вработените во фирмите на кланот Заеви дава плата преку помала и од просечната и од законски утврдената минимална плата во Република Македонија.
Ова е уште една голема лага од памфлет програмата на СДСМ со која тие повторно сакаат да ги потценат и излажат граѓаните.
Но, ова нема да им помине.
Додека Зоран Заев зборува за просечна плата, да одговори колку луѓе кај него земаат минимална плата, а има сознанија дека земаат и помалку од тоа.
Ова е уште една лага како онаа дека ќе вработат по еден од секое семејство.
Граѓаните се уште се сеќаваат на фамозниот 15 септември 2002 година кога во предизборната кампања Бранко Црвенковски ја кажа најголемата лага, дека доколку победат во секое семејство ќе има барем по еден редовно вработен.
Згора на тоа, Заев во неговиот памфлет ветува и зголемување на даноците.
Ветувањата на Зоран Заев се апсурдни.
Сите овие лажни и неостварливи ветувања на Заев и СДСМ, граѓаните ги препознаваат и затоа, на 11-ти декември јасно и недвосмислено ќе ја упатат пораката против погубните и деструктивните политики на Зоран Заев и СДСМ.Зоран Заев и СДСМ немаат никаков кредибилитет да говорат ниту за минималната плата, ниту пак за просечната плата во Република Македонија.
В

Пронајдете не на следниве мрежи: