Аболицираниот криминалец Зоран Заев продолжува да се крие и да молчи за најновиот огромен скандал во општина Струмица.Ова денес го истакна на прес конференција пратеникот на ВРМО-ДПМНЕ, Васил Пишев.
-Заев уште еднаш е фатен на дело. Противзаконска легализација на комплексот кај Цареви Кули е уште еден криминал за Заев за кој ќе мора да одговара. Легализирањето на објектот со потпис на Заев после законски предвидениот рок е уште едно парче во мозаикот на криминалите на Заев во Струмица. Во овој случај е јасно како ден дека аболицираниот криминалец Зоран Заев сторил кривично дело за кое ќе мора да се соочи со правдата и од тоа бегање нема. Нема да има нови аболиции за Заев, ќе мора да се соочи со правдата и законите, вели тој.
Пишев посочи дека јавноста се прашува дали комплексот кај Цареви Кули во сопственост на долгогодишниот пријател на Заев, Коце Ристовски, е легализиран по методот „едно евро за Вицето“, за кој аболицираниот криминалец Заев е обвинет во случајот „Поткуп“ или повеќе е веројатно дека лицето Коце Ристовски е само параван позади кој се крие вистинскиот сопственик на комплексот, Зоран Заев.
-Кој е мотивот и колкав е профитот на Заев од незаконската легализација? Јавноста добро знае дека преку мрежата на кланот Заеви милиони евра народни пари се директно во фирмите на Заев и нивните најблиски соработници, како што е долгогодишниот пријател на Заев, Коце Ристовски. Јавноста дозна дека Заев на фирмата „Чан чифлик голд“ ДООЕЛ Струмица во сопственост на Коце Ристовски и овозможил да склучи договори за јавни набавки и преку општинските јавни претпријатија во вредност од 840.000 евра за набавка на споменици, одржување цвеќарници, изградба на тротоари, поплочување, чистење на банкини, користење на вилушкари, уредување на раскрсници и што уште не. Коце Ристовски е послушник на сите наредби на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Овој тандем заеднички членувале во тендерските распределби и противзаконски го легализирал објектот кај Цареви Кули, а Коце Ристовски за да ја покаже благодарноста на Заев за сите противправно стекнати средства, учествувал во шарените циркуси и перформанси како што вели Заев на СДСМ во Скопјe. Ова е човекот кој вандализирајќи го државниот имот на Република Македонија и нанесувајќи му штета која ќе ја плаќаат граѓаните на нашата држава, рече тој.
Коце Ристовски, сопственикот на хартија на дивоградбата кај Цареви Кули не само што се стекнал со огромно богатство и со противправна легализација на дивоградба, додаде Пишев, туку уште и бесправно прави штета на државен имот за да го заштити неговиот долгогодишен пријател Зоран Заев и за да продолжат со криминалната соработка и грабеж во Струмица.
-Заев може да се крие и зад Коце Ристевски и зад кого сака, но бегање од правдата нема. Аболицираниот криминалец Заев ќе мора да одговара за сите зулуми и за сите пари кои ги украл од граѓаните на Струмица и Република Македонија. На Заев ќе му судат и институциите, но и граѓаните на Република Македонија на следните парламентарни и локални избори. Поради криминалите како „Глобал“, „Поткуп“, тендерските грабежи и противзаконските легализации како оваа кај Цареви Кули, Зоран Заев не само што ќе биде историја и дамка од којашто ќе се срамат сите граѓани на Република Македонија, туку ќе има неколку последователни мандати зад решетки. Нема бегање од правдата, таа ќе го стигне Заев, заклучи Пишев.Ова денес го истакна на прес конференција пратеникот на ВРМО-ДПМНЕ, Васил Пишев.