Зоран Заев кој обично не се симнува од екраните, со денови сега молчи за криминалот во кој тој е фатен. Аболицираниот криминалец Зоран Заев ја злоупотребил својата положба и спротивно на законот за легализација му го легализирал луксузниот комплекс на својот верен пријател Коце Ристовски, истакна Васил Пишев на денешната прес конференција.Тоа во превод значи, наместо да му прати булдожери, му овозможил да стекне имот од милиони евра, само по основ на оваа легализација, во која сега фирмата за се во општина Струмица во сопственост на другарчето на Заев, Чам Чифллик ГОЛД ДООЕЛ Струмица врши угостителска дејност.
Тоа Зоран Заев го направил онака како за своја душа.
Да не остане само дека му овозможил легализација на луксузен комплекс, Зоран Заев изминатите години го почестил Коце Ристовски и неговата фирма со јавни набавки за уредување раскрсници, поставување плочи, уредување тротоари, набавка на споменици, изнајмување вилушкари и слично во вредност од околу 840 илјади евра.
Граѓаните не се слепи, гледаат дека Коце Ристовски е само параван. Тој е верен личен и партиски послушник на Зоран Заев и СДСМ. Граѓаните веќе не молчат, туку помагаат да се разоткрие мрежата на аболицираниот Зоран Заев за лично и семејно богатење на грбот на народот.
Еве ова е истиот Коце Ристовски, угостител, споменичар и вилушкарист како седи со раководството на СДСМ во ланскиот камп на СДСМ пред Владата. Ова е најскапоцениот пријател на Зоран Заев во друштво на партискиот портпарол Петре Шилегов и партискиот функционер Александар Наумовски.
Дали милионите кои Зоран Заев преку општина Струмица и јавните општински претпријатија му ги дал на Коце Ристовски, овој срдечно ги донирал во активностите на СДСМ?
Колку од милионите народни пари завршиле за спонзорирање на партијата СДСМ?
Колку пари од милионските тендери останале за Коце Ристовски, а колку завршиле во менувачницата на Вицето, а колку во касата на СДСМ?
Зоран Заев, џабе се криеш, џабе го праќаш параванот Коце Рисотвски да се заканува на прес конференции, џабе молчиш. Вистината излегува на виделина. Народот вели еднаш арамија, секогаш арамија. Но, се ближи времето кога нема да те спаси ниту аболиција, ниту параван фирми. Граѓаните се погласно зборуваат за твоите матни зделки. Граѓаните ќе бидат тие кои ќе те изведат пред лицето на правдата и граѓаните ќе бидат тие кои сурово ќе те казнат на следните избори.
Ти нема спас! Правдата, институциите и граѓаните ти се на трагот!Тоа во превод значи, наместо да му прати булдожери, му овозможил да стекне имот од милиони евра, само по основ на оваа легализација, во која сега ф