Пишев: Македонската јавност сѐ уште чека одговор колку пати Заев барал поткуп од бизнисмените и инвеститорите

– Денес сме пред менувачницата на кланот Заеви или помеѓу струмичани, но во македонската јавноста позната како менувачницата кај Вицето – изјави Васил Пишев, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.- Помина повеќе од една година, отткако цела македонска јавност виде и дозна за криминалното работење на градоначалникот на Струмица. Македонската јавност сѐ уште не доби одговор колку случаеви имало каде што градоначалникот на Струмица, Заев, барал поткуп од страна на бизнисмените и инвеститорите.  Заев не одговори колку пати во неговиот 11 и пол годишен мандат побарал мито, 1 евро за Вицето, 1 евро за Црквата.
Сѐ уште чекаме одговор колку струмички бизнисмени или пак странски инвеститори се оштетени за трансформација или купување на државно земјиште од  методите наречени „кај на Мичо свињарникот“ – изјави Пишев и додаде:
– Додека Кланот Заеви, на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев се богати преку примање на мито, индустриските зони кои Заев ги вети за отварање на 300 нови погони на кои ќе се вработат над 3000 струмичани се само празни ливади. Сакам да го прашам г. Заев, колку инвеститори има избркано од Струмица заради барањето на мито? Колку нови фабрики не се отвориле во Струмица заради ваквиот начин на водење на општината од негова страна?
Македонија не заслужува да има ваков премиер. Македонија не заслужува да има премиер кои е аболициран криминалец. Струмичани на 11-ти декември ќе го казнат ваквото криминално владеење на Зоран Заев.
– Помина повеќе од една година, отткако цела македонска јавност виде и дозна за криминалното работење на градоначалникот на Струмица. Македонската

Пронајдете не на следниве мрежи: