Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, јавно го повикува струмичкиот градоначалник на ТВ дуел.Во својот Фејсбук статус, Пишев директно му порачува на Заев дека е време да си оди од политиката.
„Слушам Лефтер Андонов ме повикува на ТВ дуел. Па да му одговорам и нему, па еве и на тој што му кажал мене да ме повика. Прифаќам, излегувам на дебата, но со тој што му кажал тоа да го бара, да го скратиме патот, ке излезам на дебата со Зоран Заев. Лефтер е само еден дел од Криминалната Тендер мрежа што се прави во Струмица, но Аболицираниот Заев е главата на таа мрежа. Затоа Заев ајде на дебата, па да дискутираме за Криминалот од 8,5 милиони евра, за Криминалната тендер мрежа во која главни ликови се Тате, Бате и Чичо, да разговараме за митото, еврото и Вицето, за неостварените ветувања пред граѓаните, за сите лаги, криминали и злоупотреби во Струмица. Потребно е човек да има образ. Јас се родив, и израснав во Струмица. Знам што мисли нашиот народ и цела Струмица. Заев време е да си одиш од политиката? Заев време е да се соочиме јавно на ТВ Дуел“, пишува Пишев.
Во својот Фејсбук статус, Пишев директно му порачува на Заев дека е време да си оди од политиката.
„Слушам Лефтер Андонов ме повикува