Поминаа два дена, но СЈО исто како Заев молчат за скандалот со превозот на ученици во Струмица.Нема одговор зошто Струмица и Струмичани плаќаат по скоро два пати поголема цена за превоз од една Битола која е поголема општина, и зошто СЈО молчи за Струмица.
Исто така, нема одговор и на тоа дека за иста дестинација со иста киломтрежа Општината Струмица исплаќа 103 денари по ученик на Струмица Експрес, а 20 проценти повеќе на фирмата Тритерол, односно 126 денари.
Нели ова е фаворизирање на една фирма во однос на сите други?
Но скандалот не запира тука, релации со приближно иста должина Општина Струмица ги преплаќа во однос на една Битола.
– Еве примери,
Погледнете го ова, за релацијата Струмица – Чанаклија – Гечерлија – Сарај – Просениково што е во должина приближно од 24 километри Општина Струмица плаќа дури 160 денари по ученик, а за исто толку долга релација од Битола до Иванчевци Општина Битола плаќа само 49 денари или три ипол пати помалку од Општина Струмица и Зоран Заев.
За релацијата Бориево – Моноспитово – Робово – Дабиле – Струмица што е во должина од 16 километри, Општина Струмица плаќа на фирмата Тритерол 118 денари, додека Општината Битола за исто толкава раздалеченост на местата Битола – Беранци плаќа 53 денари или два пати помалку од една Струмица За релацијата Струмица – Рич – Попчево – Раборци – Струмица што е некаде околу 37 километри Општина Струмица на Тритерол и плаќа по 126 денари по ученик, а Општина Битола за релација со истата должина Битола – Ресен плаќа само 106 денари. Е ова господа се вика грабеж.
– Отворено и јавно прашуваме како е можно нешто што Општина Битола го плаќала по една цена, истото Општина Струмица да го плаќа по двојно, тројно повисока цена. Зошто Талевски е мета на политички острел на СДСМ, а за Заев не важат законите. Каде завршуваат овие пари, зошто се разграбуваат граѓаните. И на крајот не дали, туку кога ќе биде акцијата на СЈО. Јавноста чека, се вели во реакцијата на Васил Пишев.Нема одговор зошто Струмица и Струмичани плаќаат по скоро два пати поголема цена за превоз од една Битола која е поголема општина, и зошто СЈО молч