Пишев: Сопственикот на „Цареви кули“ добил десетици тендери од Заев во вредност од речиси 840 илјади евра

Аболицираниот криминалец Зоран Заев сеуште се крие и молчи. Го разбираме, се крие бидејќи е фатен на дело во нови криминали, а молчи што нема ниту еден аргумент, истакна Васил Пишев на денешната прес-конференција.Интегрален текст од прес-конференција на Пишев
Зоран Заев незаконски легализирал луксузен комплекс на Цареви Кули, спротивно на законските одредби. Да биде скандалот поголем овој објект, барем формално е во сопственост на неговиот долгогодишен пријател Коце Ристовски.
Ај што Коце Ристовски е почестен со вака великодушна незаконска легализација, туку за да го потврди нивното скапо пријателство Зоран Заев својот пријател го претворил и во еден од омилените тендер пајташи во општина Струмица, кој на име на разно-разни јавни набавки добил милиони од парите на граѓаните на општина Струмица.
За таа цел Зоран Заев директно преку општина Струмица, но и преку општинските јавни претпријатија, му дал десетици и десетици тендери на Коце Ристовски и неговата фирма Чам Чифлик Голд ДООЕЛ Струмица и тоа за набавка на споменици, одржување цвеќарници, изведби на тротоари, поплочувања, чистење на банкини, користење на вилушкари, уредување на раскрсници и што ли уште не.
Чам Чифлик Голд ДООЕЛ Струмица очигледно не се занимава само со угостителска дејност на Цареви кули, туку е фирма за се, а најмногу за испумпување на буџетски пари во приватни џебови на Кланот. Преку сите овие тендери другарчето Коце Ристовски од Зоран Заев добило речиси 840 илјади евра.
Ова е причината поради која Зоран Заев се крие од јавноста.
На што се должи ова скапо пријателство помеѓу Зоран Заев и Коце Ристовски?
Дали е точно дека во сите овие матни зделки, Коце Ристовски е само параван?
Кој навистина стои зад луксузниот комплекс на Цареви Кули?
Колку од овие милиони завршиле во менувачницата на Вицето?
Криминалот на Зоран Заев е разоткриен. Времето кога аболицираниот криминалец Зоран Заев ќе одговара, се ближи.
Овојпат нема да го спаси ништо и од постапката на институциите, но и од судот на народот на престојните избори.
Заев, можеш да се криеш, но не можеш да побегнеш!Интегрален текст од прес-конференција на Пишев
Зоран Заев незаконски легализирал луксузен комплекс на Цареви Кули, спротив

Пронајдете не на следниве мрежи: