Пишев: Ветениот збор на Заев нема никаква вредност

На Зоран Заев лагата му е секојдневие. Секој ден продолжува безобразно да ги лаже македонските граѓани. Човек без образ и достоинство, реагира Васил Пишев. Во продолжение интегрален пренос на реакцијата:Тој со лажни ветувања се обидува да ги манипулира граѓаните се со цел да добие уште некој политички поен. Но, македонските граѓани и граѓаните на Струмица секојдневно на свој грб ги чувствуваат лагите на Зоран Заев. Зоран Заев пред струмичани во изминативе години ветуваше се и сешто, но ништо од ветеното не оствари. Заев пред струмичани ветуваше дека ќе изгради голф терени. Каде се голф терените?
Зоран Заев вети изградба на Пеинт Бол за младите, уште една лага.
Почитувани,
Лагите продолжуваат да се нижат. Зоран Заев во Струмица ветуваше и изградба на патека за параглајдерство и терен за стрелаштво, уште една во низата на лаги. Дрските лаги на Зоран Заев немаат крај, каде е зоолошката градина која тој ја вети?
Зоран Заев помпезно најавува проекти за младите, но во Струмица за нив нема мрднато со прст. Вети рекреативна велосипедска патека. И од тој проект нема ништо, и тоа е голема лага.
Секој ден ветува се и сешто, но во пракса каде што тој има мандат и можност да ги реализира овие ветувања нема направено апсолутно ништо…
Тоа него го прави лажго, а неговиот збор нема никаква вредност.
На Зоран Заев не треба да му се верува, а за тоа се доказ неговите ветени, а неостварени ветувања, реагира Пишев.Тој со лажни ветувања се обидува да ги манипулира граѓаните се со цел да добие уште некој политички поен. Но, македонските граѓани и граѓаните на С

Пронајдете не на следниве мрежи: