Пратеникот Васил Пишев на денешното продолжение на конститутивната седница се обрати до својот колега Горан Манојловски, и праша зошто овој пат да му веруваме на СДСМ?Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на Пишев:
Почитуван колега Горан Манојловски ,
Во вашиот говор преовладуваат истите аргументи и тези како и во предходните дискутанти со осврт за платформата.
Но, тука никој од колегите од СДСМ не сака да признае дека тоа е голем проблем кој ја фрли Македонија во длабока политичка криза.
СДСМ ги нема во дебата, а нивниот лидер повика за сите прашања отворено да се дебатира.
Мафтаат со некоја си програма која е поразена на 11 декември, и убедуваат дека таа е меродавна, но не кажуваат дека пред да се избере владата и пограмата треба да се изгласаат работи како употребата на јазикот или други делови од обединетиот албански документ.
Каде е тоа предвидено во нивната програма?
Зошто на СДСМ треба да му веруваме овој пат?
Во нивните предходни програми ги немаше промената на името, на знамето, на територијалната организација, па тоа сепак се случи!!
Немаше ни дека ќе затвораат фабрики, ќе бркаат луѓе од работа, ќе апсат луѓе, ќе линчуваат луѓе, но сепак тоа се случи.
Колега Манојловски,
Ве прашувам во репликава, дали со изборот на оваа комисија која треба да даде кандидати за претседател на собранието на Република Македонија, една од најважните функции на државата треба да постои дебата за документот независно каде е потпишан за работите кои се предвидени во неа, а се тесно поврзани со изборот на претседател на собранието на Република Македонија и неговите права и обврски?
Одоговорот на СДСМ за нашите дилеми освен нивниот молк е мафтањето на нивната програма напишана од странци.
Во програмата не пишува дека некој ќе одговара за едно евро кај вицето.
Во програмата не пишува дека договорен е закон за употреба на јазици и никој не го видел во ниту една програма на 11 декември.
Во програмата на СДСМ не пишува дека Заев ја прифатил тиранската платформа и има позитивни чувства кон промена на јазикот, химната, грбот, знамето..
Во програмата на СДСМ не пишува дека градоначалникот на дебар сака градот да е преградие на Тирана.
Во СДСМ има само молк,
Молк кој секој ден ја втурнува македонија во се поголема криза.
И на крај, ги предупредувам сите пратеници кои ќе се обидат да ја запрат, задушат или да ја прескокнат оваа со устав и деловник загарантирана дебата ќе бидат одговорни за се што после ќе следи како одговор.
ВМРО- ДПМНЕ ќе ја брани демократијата по секоја цена со сите расположливи средства во рамките на уставот и законите и ќе возврати со жесток одговор.Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на Пишев:
Почитуван колега Горан Манојловски &n