Во ексклузивно интервју за Пулс24, пратеникот од Струмица Васил Пишев одговара на прашања поврзани со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, но и ги разоткрива криминалите на лидерот на опозицијата, Зоран Заев.Пулс24: Господине Пишев, вие сте политичар кој можеби најредовно и најжестоко го напаѓа Зоран Заев, но важите и за човек кој и најдобро го познава и приватно и како политички противник на локалните избори во 2013?
Пишев: Точно е дека го напаѓам Зоран Заев редовно и често, но секогаш со факти и аргументи. Зоран Заев нема капацитет за критика и ми има поднесено најмалку десетици тужби за кои нема основ. Тој е лажен демократ. Чуствувам одговорност пред македонските граѓани да го откријам вистинското лице на Заев. Ги гледам спотовите во кои се појавува и како дрско глуми дека е скромен човек и слично. Тој беше скромен човек, но преку ноќ ги купи сите поголеми фирми во Струмица, се стекна со сомнителен капитал, нели тој е аболициран за криминалот за случајот Глобал, тогаш не се сеќавам дека некој невладин сектор протестираше, вели Пишев за Пулс24. Како и да е, тој тогаш не побара да биде повлечена амнестијата кон него. Цела Струмица знае дека скоро сите тендери ги добиваат фирми од кланот Заеви, за тоа редовно сум ја информирал македонската јавност. Кажува на партискиот спот дека потекнува од чесно семејство, а неговиот татко е со судска пресуда за крадење струја, исто така татко му има судска пресуда за затајување на данок исто како и неговиот братучед. Тука нема ништо чесно, тоа е врв на лицимерие и манипулација. Второ, станува збор за човек кој е политички тотално необразован. Политичар кој нема одговорност кон државните и националните интереси. Човек за кој дадениот збор не важи ништо.
Народот вели, го видовме на мегдан, се бореше за непартиски кадар, го партизираше цело МВР, труд и социјала и општина Струмица..
Кој политичар во денешно време во Европа отвара теми како што се федерализација, кантонизација, културни автономии, полициски локални автономии и слични прашања кои можат да ја загрозат Македонија во целина? Цел свет зборува за интегрирање, ние имаме веќе солиден модел преку Охридскиот договор, а Заев со неговиот ум е во 19 век и зборува за поделби и слично, односно зборува за модел кој ќе ја подели нацијата, човекот сака да бидеме Босна и Херцеговина.
Но, да се разбереме: Тој е инструмент од надворешни центри кој тој сам си ги кажува. На Мендух Тачи му пишал смс дека некој го спремал од надвор, Во кабинетот на тогашниот претседател на Владата, Никола Груевски му вели снимки ми ги дадоа странски служби. На жена му на Чауш и пишува, не се грижи зад нас знаеш кој стои и сл. Значи, станува збор за странски измеќар. Се сеќавате, неодамна го повикав и на ТВ дуел за аферите за превоз на ученици и други матни работи. Да заклучам: Неговиот збор нема вредност, се што рекол подоцна се демантирал. Тоа е недозволиво за човек кој претендира да биде премиер. Неговите дела и зборови и штети што ги направи не се ни да бидеш просечен градоначалник. Но, на 11 декември ќе го поздрават 500.000 фантоми, во фигуративна смисла. До ден денес се нема извинето на Македонската јавност за дрската лага за наводните фантоми. Со таа изјава и нанесе огромна штета на Македонија, вели Пишев за Пулс24.
Пулс24: Зоран Заев често низ изјавите знае да каже за да ми верувате мој репер е Струмица, што тој направил во Струмица.
Пишев: Човекот од 2013 година кога победи на изборите до ден денес нема направено ништо. Тој последниве година-две не ни живее во Струмица. Тој таа лага што ја повторува дека репер се неговите дела во Струмица може да му поверуваат некаде каде што можеби нема интернет или телевизија. Човекот како градоначалник вети на пример 3 индустриски зони, 30 фабрики, 3000 вработувања, и од тоа нема ништо. И како Македонцеот да му верува, кога тој во своето родно место лаже? Тој е роден во Муртино , а таму патиштата се најлоши, нема канализација, вели Пишев за Пулс 24. Пред некој ден бев во населено место кое е одалечено неколку метри од центарот на градот , а таму нема асфалт, нема осветлување. Човекот не го бива да реши локални проблеми, а камо ли да води држава. Ветува минимална плата, а во своите фирми каде што печали милиони ја дава после неколку месеци и тоа околу 8.000 денари. Ветува плати без да каже од каде ќе ги најде тие пари.
Ветува се и сешто, јас само тројца лично познавам што им ветил дека ќе бидат министри за транспорт. Него го бидува да си сработи некои тендери за себе и неговиот клан, вели Пишев за Пулс 24. Струмица од најубав град во истокот го направи град кој е синоним за матни зделки, град кај што има највеќе вработени во комуналец, ѓубрето е редовен декор, а кучињата украс на градскиот плоштад. Но, на 11 декември го отвораме патот и за убедлива победа и на локалните избори на пролет и Струмица да ја вратиме таму кај што заслужува, на патот на развојот, на инвестициите и да ја тргнеме од канџите на кланови за лично богатење, вели Пишев за Пулс 24.
Пулс24: Зошто сметате дека коалицијата”За подобра Македонија” треба да ја добие довербата во четвртата изборна единица?
Пишев: Две конкретни причини. Прво, ние веќе важиме за партија, единствена во Македонија која работи по принцип на даден збор, односно ветен збор, остварен збор. Прва политичка партија која својата платформа ја наметна како нова политичка култура, прво анализа, па конкретен проект, и рок до кога ќе треба тоа да се заврши, транспарентност и на крај отчетност. Или попрецизно, се што сме ветиле ќе оствариме и за тоа ја имаме довербата од граѓаните. Второ, кога станува збор за четвртата изборна единица, која многу добро ја познавам бидејќи подолг период сум и партиски кординатор во овој дел на Македонија, попрецизно територијата која географски се наоѓа во ИЕ 4 има предвидено голем број на сет на мерки и прокети кои ќе ја изменат сликата на овој дел на Македонија. Значи, во полн ек е изградбата на автопатот Демир Капија Смоквица, Џонсон Контролс најави инвестиција во Струмица и се прават сите подготовки за тоа. Две меѓународни компании веќе се стационираа во индустриската зона во Прилеп, и уште една е во најава. Значи, класично намалување на невработеноста. Дрекслермаер во Кавадарци, огромна инвестиција за тој регион. Многу локални патишта се изградени, многу водоводни и канализациски мрежи. Земјоделски субвенции, значи навистина многу работи се завршени или се во завршна фаза.
Пулс24: Кои проекти кои ги има реализирано актуелната владеачка гарнитура беа од витално значење за регионот во кој спаѓа четвртата изборна единица? И што е предвидено во новата програма?
Пишев: Од витално значење е автопатот Демир капија – Смоквица. Фабриките во Прилеп, Кавадарци и Струмица се од витално значење на Република Македонија во делот на намалување на невработеноста. На ВМРО ДПМНЕ е од највитално значање намалување на сиромаштијата. За нас секој проект, поголем или помал е од витално значење и таков ни е пристапот, вели Пишев за Пулс 24. Во новата програма е предвиден експресен пат Штип – Радовиш. Експресен пат Прилеп – Градско. Обнова на автопатот Смоквица – Гевгелија и Неготино – Демир – Капија. Нови странски инвестиции, нови земјоделски субвенции, проекти за изградба и санација на стотици локални патишта. Изградба и проширување на водоводни и канализациски мрежи во скоро сите населени места во изборната единица 4, нов затворен базен во Струмица и итн. Многу, навистина многу проекти, вели Пишев за Пулс24.
Пулс24: Колку сметате дека во конечниот исход влијание ќе има носителот на листата?
Пишев: Генерално, исходот на изборите зависи од целосното стратешко поставување на изборната кампања. Судирот на концептите и судирот на лидерите на политичките партии. Би имало влијание во конечниот исход, но треба да се земе во предвид целата кампања. Лидерот на СДСМ избега да се соочи со лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
Позитивната кампања кои ја води ВМРО-ДПМНЕ исто така има клучни елементи за добивање на изборите наспроти негативната и деструктивна на СДСМ, вели Пишев за Пулс 24.
Пулс24: Како гледате на тезите на опозицијата и Заев за употреба на албанскиот јазик и проширена рамка на Охридскиот договор?
Пишев: Политичка будалаштина од историски размери. Цел свет тежнее да се обедини и да нема разлики, тој прави поделби и отвара апсолвирани прашања, национални прашања. Цел свет бега од конфилкти и деструкции, тој ги поттикнува, вели Пишев за Пулс 24. Рамковниот договор ја направи Македонија препознатливо мултикултурно општество во светски рамки, а рамката постои за да не се наруши унитарниот карактер на државата. А, политичарот Заев која заглавил во 19 век сака да се надогради Охридскиот договор, несвесен дека отвара прашање за нови договори и можни поделби и конфликти.Пулс24: Господине Пишев, вие сте политичар кој можеби најредовно и најжестоко го напаѓа Зоран Заев, но важите и за човек кој и најдобро го