Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев, на денешната прес конференција ги осуди изјавите на Зоран Заев за редефинирање на унитарна Македонија, наведувајќи дека Струмица е против редефинирање на државата.Интегрален текст од прес конференцијата
Сѐ е јасно, неговите идеи за двојазичност, за рекомпонирање на државата објаснуваат која е целта на ова валкано сценарио чиј инструмент е токму Зоран Заев.
Тој отвора Пандорина кутија од која нема да произлезе ништо добро за струмичани. Да потсетам, Зоран Заев во многу наврати го повтори ставот за редефинирање на Уставот на Република Македонија, за употреба на албанскиот јазик надвор од Рамковниот договор и наметнување на идеја за втор службен јазик на територијата на Република Македонија.
Тој предложи создавање на кантони по моделот на Швајцарија што би довело до распад на државата. згора на тоа, тој ги навреди Македонците, посочувајки дека неговото лице било грдо и пред бројна албанска дијаспора јасно и гласно кажа дека треба да се оди надвор од Рамковниот договор, притоа заборавајќи дека тој договор е плод на крвав конфликт и како таков веќе е целосно вметнат во Уставот на Македонија и е гарантор за рамноправност на сите етнички заедници во Република Македонија.
Отворање на етнички прашања како промена на јазик, промена на устав, тежнеење кон модел на федерализација и кантони не можат и не смеат да поминат во Република Македонија. Сето ова СДСМ го има и во својата програма каде предвидува редефинирање на унитарноста на Македонија со проекти како што е децентрализирање на македонските безбедносни структури, бришење на македонската култура која според нив била полицентрична како и создавање на општини со висок степен на самостојност односно создавање на политипни општини.
Тоа е скандал од огромни размери и никој никогаш до сега не го отворил ова прашање во независна Македонија.
Ова се сериозни теми. Заев игра опасна игра со која се подриваат темелите на државата. Ова е игра преголема и пресериозна за неговите капацитети и од далеку се гледа дека тој е извршител на ова срамно и погубно сценарио. И наместо да зборува за економија, вработување, решавање на проблеми, тој зборува за рекомпонирање на државата и менување на Уставот.
Но, нема да биде донесено ниту едно решение без народот. Народот е таа непремостлива сила која ќе му каже стоп на Заев. Сега е тој момент.
Изборите на 11 декември се нашиот трет референдум. Тие се референдум за Македонија. Онаква каква сите ја сакаме, напредна, силна, унитарна. Нема да поминат плановите на Заев. Тие се планови за пропаст на Македонија.Интегрален текст од прес конференцијата
Сѐ е јасно, неговите идеи за двојазичност, за рекомпонирање на државата објаснуваа