Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, Васил Пишев на денешната прес-конференција рече дека отвора вистински случај, кој, според него, фрла сомнеж за корупција и скандал кој отвора сомненија за тежок криминал и финансиско работење во кој главен актер е Зоран Заев и, според Пишев, нему битните луѓе. Пратеникот посочи дека Заев склучил договор за превоз со фирма за услуга, која, како што рече Пишев, не се извршува, иако парите биле обезбедени.– Имено, за 2014-2015 година Општина Струмица има склучено договор за јавна набавка за превоз на ученици, односно деца со посебни потреби во ООУ „Сандо Масев“ и вработените од општинската администрација. Договорот е склучен со фирмата „Тритерол“, која е единствен понудувач на тендерот во износ од 1.864.800 денари. Парите се обезбедени, а јавна тајна е дека учениците и вработените во администрацијата не ја добиваат услугата, односно нема превоз. Овие пари обезбедени од граѓаните се преточуваат во приватен субјект без да се изврши превозот. Ова се вика крадење на граѓаните, рече Пишев.
Тој посочи дека градоначалникот на Битола, Владимир Талески е жртва на политички, а не на правен прогон, за превоз на ученици кој постоел и услуга која била, според Пишев, законски извршена. Го повика СЈО и другите институции да ги проверат сомнежите кои ги презентира, додавајќи дека во цела Македонија превозот на учениците е бесплатен, освен, во Струмица, каде, според него, учениците и администрацијата се снаоѓаат со сопствени средства за превоз.
– Јавно го повикуваме СЈО наместо да се занимава со законско работење на господинот Талески, да дојде во Струмица и да го прегледа сомнението за тежок криминал кој го прави Општина Струмица. Ова е доволна причина и сите други институции да дојдат да го испитаат случајот. Заев исплаќал големи средства на фирма блиска до СДСМ, за услуга која граѓаните не ја добиле. Ова е голем скандал, додаде Пишев на прес-конференцијата.– Имено, за 2014-2015 година Општина Струмица има склучено договор за јавна набавка за превоз на ученици, односно деца со посебни потреби во