Зоран Заев секојдневно шетајќи се низ Mакедонија ветува брда и долини, лажејќи ги граѓаните со нереални проекти.Ова на денешната прес конференција го истакна кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев.
– Зоран Заев по истиот пример како и пред струмичани, сега пред сите граѓани на Република Македонија, шета и ветува нереални и неостварливи мерки и програми за да добие некој глас повеќе. Ова не е прв пат Зоран Заев да ветува, а ништо од тоа не оствари, ова најдобро го знаат граѓаните на Струмица веќе 11 и пол години откако тој е градоначалник на Струмица. Граѓаните на Струмица нема да ги заборават лажните ветувања на Зоран Заев кои никогаш не ги оствари. Зоран Заев пред струмичани многу вети, но ништо не оствари. Во Струмица ветуваше нова подземна сообраќајница на потегот од улицата „24 октомври“ до улицата „Ванчо Китанов“.
Тој ветуваше пред струмичани дека оваа сообраќајница подземно ќе ги поврзе овие две улици кои се пресечени од градскиот парк и ќе создаде нова врска помеѓу двете страни на градот. Овој проект според ветувањата на Заев требаше да биде реалзиран најдоцна до 2015 година, но до ден денес нема ниту трага ниту глас од овој проект.
Пред струмичани Зоран Заев вети изградба на нов булевар со четири ленти кој ќе се движи од делот кај детската градина на улица „Братство единство“, ќе се пресекува со булеварот „Климент Охридски“ и ќе бидат поставени семафори, а преку новоизградениот мост на реката Водончица ќе заврши со спој на улицата во индрустиската зона Агро берза.
Денес граѓаните со свои очи можат да видат дека таму нема изградено никаков булевар. Ветуваше и најавуваше изградба на нова противпожарна станица за брза и ефикасна интервенција на противпоражните екипи. Според ветувањата на Зоран Заев таа требаше да биде изградена во просториите на поранешната касарна и да биде финансирана од буџетот на општина Струмица, но до ден денес оваа противпожарна станица не е изградена.
Ова се само мал дел од празните ветувања со кои Зоран Заев ги излажа струмичани. Зоран Заев не го интересираат ниту проекти ниту мерки. Единствено што го интересира Зоран Заев е како да го зголеми богатството на кланот Заеви преку наместени тендери. На граѓаните не им требаат лажни и измислени проекти кои служат само за прибирање гласови, на граѓаните на Република Македонија им требаат реални и остварливи мерки со кои ќе им се подобори животот.
Затоа на 11-ти декември струмичани ќе стават крај на лажните ветувања на Зоран Заев – дециден е Пишев.Ова на денешната прес конференција го истакна кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев.
– Зоран Заев по истиот пример како и пред с