Во оваа кампања ги поминав сите населени места и што да видам. Човекот вели дека може да му се верува, оти направил многу за Струмица. Заев нема ставено ниту еден камен во Струмица, рече кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Васил Пишев од Струмица.-Ајде кај што живее во Скопје, тој во Дабиле ставил асфалт до пола пат каде што живеат гласачи на СДСМ, а кај што живеат гласачи на ВМРО-ДПМНЕ нема асфалт. Дабиле нема канализација, Муртино исто. Патиштата се како хармоника. Тоа ли е личен пример? Пример ли е да бидеш единствен аболициран криминалец во Македонија? Да имаш пола фирми во Струмица да правиш милиони а на луѓето вработени кај тебе да даваш едвај 8-9 илјади денари и тоа на рати. Мисли дека ќе не излаже, ама сам себе се лаже, рече Пишев.
Ние денес, подвлече Пишев, имаме голема одговорност, да ја зачуваме Македонија.
-Како генерација имаме историска одговорност затоа на 11 декември масовно од сабајле вооружени со пенкало и патриотска мисла одиме да заокружиме број 1. Македонија е број 1 на Балканот за бизнис, Македонија е број 1 во нашите срца, заклучи Пишев.-Ајде кај што живее во Скопје, тој во Дабиле ставил асфалт до пола пат каде што живеат гласачи на СДСМ, а кај што живеат гласачи на ВМРО-ДПМНЕ нема