Денес на денот на Македонското востание против фашистичкиот окупатор, на кое ти и го дарува на својата Татковина твојот млад живот, ти го пишувам писмово не за друго, туку дека лошите вести пристигнуваат по гаврани, а добрите по соколите.Прво, пред да ти пишам збор два, сакам да те замолам да не веруваш никому освен на своите очи и на Софокле, кој рекол дека гадно расипан е оној човек кој има подобри пријатели од сопствената Татковина.Второ, денес ќе ти свирнат една труба за да те потсетат дека не си паднал попусто, а себеси и другите да ги потсетат колку е апсурдно да имаш идеал. Велам идеал и тоа каков таков идеал, може да биде дури и Македонски, важно е да имаш каква и да е, и што и да е, важно да е некоја стока за на пазар.Трето, за да те убедат дека Слободата ја донесоа баш тие, а не ти. Ти само падна за неа и сега не мораш повеќе да стануваш. Ти не си повеќе потребен нити како бледо сеќавање, зошто новата и вечна слобода ќе го забрани со закон сеќавањето…Но ти биди мирен и спокоен, отсега натаму ќе ти пишувам скришум. Маргаретките сè уште растат на местото каде падна. А за ова скришум, ич не се секирај. Та зар ние Македонците со векови не сме општеле со нашите прадедовци скришум, додека кадарно или некадарно нашите домашни предавничиња нè продавале и препродавале по европските пазари за стока.Ти, мил мој, секако паметиш дека ние на бесрамниците наши им велевме дека немаат ни срам ни перде, нели? Е па, да знаеш дека кај нас тие ги запалија сите пердиња за белосветските некогаш џандари, а сега трансџендери да истите да можат воајерски да буљат во нас додека ние ги правиме следните Македонци по нивен терк – без сеќавање…Туку утеха ми се маргаретките, кои сè уште никнат каде ти падна мил мој. Не се откажуваат. Не сакам да те плашам (впрочем ти си докажано неустрашив), но морам да споделам токму со тебе неколку ронки од душава моја. Да, душава ми се љушти дур ти пишувам. Имено во нашиот Парламент се зборува сè уште Македонски, но наскоро слушам ќе се воведеле големи казни дури и ако се офнело или заплачело на Македонски. А казните ќе ги воведеле Македонци?! Ало?? Сега јасно ти е за што пишувам? Да ти кажам право се штипам додека пишувам, зошто мислам дека сонувам. Сакам да се разбудам и писмово да биде натопено од солзи радосници, а не јадовно. Арно ама вистина било. Е сега среќа што има Македонци и Македонци, па некои од нив сè уште се мислат околу висината на казните. Тука морало да се воведе ред и демократија, односно тие што ќе офкале и плачеле поцивилизирано, потивко, попрагматично, понедраматично и поконструктивно ќе плаќале помали казни…Втората ронка што ми корне од душава и што сакам да ја споделам со тебе е дека имале намера прво да нè разнародат земајќи ни го името Македонско, а потоа тивко на мира да нè анихилираат, односно да не збришат. Да нè нема. При тоа без да одговараат никому за геноцид, а наместо тоа, нас да нè прогласат за геноциден народ ! Трета и воедно многу поголема ронка што ми натежнала, а сè уште не е откорната и што ме јаде е еден класичен начин за анихилирање на народ и се состои во тоа да ги снабди соседите со онтолошки докази дека нас не само што нè нема, туку и никогаш не не имало. И тоа на следниов начин: Преку трајно населување на неограничен број на мигранти, припадници на други раси, а под лицемерната маска на хуманост, да се измени целосно етничката слика на Македонија, а потоа, дури потоа со државен попис да ги снема и Македонците, односно да се претворат во некое архаично племе заборавено од еволуцијата. И конечно мил мој, главната моја рана се состои од можноста на еден новум во технологијата на анихилацијата на народи, а тоа е консензуалноста, односно саможртвувањето на жртвата или нејзината согласност со џелатот да биде уништена без остаток, без трага од нечие сеќавање дека жртвата некогаш постоела! За да се исполни овој технолошки услов додуша потребна е суровина од алчност за власт кај идната жртва, како и да се обезбеди тотална амнезија кај неа.
Драг мој,Прати некој абер, те молам, ти таму се дружиш со учен свет, нека ти кажат дали по Хитлеровиот неуспех да ги анихилира Евреите, дали е возможно еден народ, како народ сам себе да се самоукине?? И да, да не заборавам, дали за да се уништи ден цел народ е потребно прво да се ослободи или е можно тоа и без да се ослободи? Хм? Ајде прашај те молам, сигурна сум дека ќе ти кажат. Дотогаш до земја ти се поклонувам и останувам твоја верна М.Г.
ПС. На маргаретките кај што падна, никој ништо не им може. Си никнат, секогаш нови, свежи и бањати од есенскиот дождец.Прво, пред да ти пишам збор два, сакам да те замолам да не веруваш никому освен на своите очи и на Софокле, кој рекол дека гадно расипан