Писмо до Иванов, Груевски и Заев: Од вас се бара зрелост и одлучност, а најмногу водечка улога во зачувување на нашата државност и нација

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во отворното писмо до претседателот на државата Ѓорге Иванов и до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, ја изразува загриженоста за иднината на Македонија.Македонците се огорчени од несовесното однесување на македонските политички партии кои се обземени од политичкото слепило и личните интереси и си играат со македонските национални интереси со цел да се уништи македонскиот јазик и самата држава, се вели во писмото кое го пренесува МКД.мк.
-Оние партии, а посебно албанските, кои се стремат кон некаква федерализација имаат само една цел, да ја уништат македонската државност и нација. Мора еднаш засекогаш да им се стави крај на попуштањата и договарањата кои се на наша штета. Доколку жителите во Македонија кои се од друга националност не покажат лојалност и се стремат да ја уништат македонската држава, тогаш истите треба под итно да ја напуштат Републиката, да се вратат во своите матични земји каде нивните национални права се веќе загарантирани. Едноставно, оној кој работи против македонската државност не треба да има право да живее во Република Македонија. Рамковиот договор, како и менувањето на македонското знаме и прифаќање на привремено име имаа цел да им се оствари сонот на соседите, а најжалосно е тоа што сега повторно се поставува ултиматум за менување на химната и Уставот. Некои македонски политичари си ја продаваат душата само да дојдат на власт.
Бараме да не го давате она што е макотрпно и со големи жртви создадено, бидејќи историјата во иднина нема вас да ве суди, туку ние сега ќе ве судиме. Застанете зад македонските интереси, престанете да давате отстапки за туѓи интереси и престанете да примате совети од странски тутори кои не ја почитуваат нашата државност со тоа што се мешаат во внатрешното уредување на државата. Ние не можеме повеќе да трпиме и молчиме кога ни се посега по нашиот идентитет. Дијаспората од вас бара зрелост и одлучност, а најмногу водечка улога во зачувување на нашата државност и нација“, пишува претседателот на друштвото Душан Ристевски, а пренесува МКД.мк.Македонците се огорчени од несовесното однесување на македонските политички партии кои се обземени од политичкото слепило и личните интереси и си и

Loading...