Писмо до терористите: Ја убивте мајката на моето дете, но тоа нема да ве мрази

Сопругот на млада жена која настрадала во исламистичкиот напад на париската концертна сала „Батаклан“ напишал трогателно писмо до нејзините убијци.Антоан Леири, чија сопруга Елен Мујал-Лиери (35) настрадала во нападот, објавил дека неговиот син кој се уште е бебе нема да живее во страв од терористи.
Писмото го носи насловот „Нема да ве мразам“
Во петокот украдовте живот на една неверојатна личност, љубовта на мојот живот, мајката на мојот син, но нема да ве мразам. Не знам кои сте и не сакам да знам, вие сте мртви души. Доколку Бог за кој вие слепо убивате не создал по својот лик, секој куршум во телото на мојата сопруга, е рана во неговото срце.
Нема да ви го приуштам оа задоволство да ве мразам. Вие тоа го сакате, би сакале да се плашам, да гледам со сомнеж во моите сонародници, да ја жртвувам својата слобода поради безбедност. Изгубивте. Играчот и понатаму е во игра.

 Ја видов утрово. Конечно, после цел ден и цела ноќ исчекување. Беше еднакво убава и кога замина во петокот навечер, еднакво убава како пред повеќе од 12 години кога лудо се вљубив во неа. Секако дека сум скршен од тага, таа мала победа ви ја признавам, но таа ќе трае кратко.
Знам дека таа ќе биде со нас секој ден и дека ќе се сретнеме во рајот со слободни души кои вие никогаш нема да ги имате. Ние двајца, мојот син и јас, ќе бидеме посилни од било која војска на светот. Не можам повеќе да трошам ни малку време на вас бидејќи морам да се вратам на синот кој токму се разбуди од сон.
Тој има само 17 месеци, ќе јаде сега како и секое утро, потоа ќе играмекако и секој втор ден и цел свој живот ова момче ќе биде слободно и среќно.
Затоа што вас тој никогаш нема да ве мрази“.Антоан Леири, чија сопруга Елен Мујал-Лиери (35) настрадала во нападот, објавил дека неговиот син кој се уште е бебе нема да живее во страв од теро

Пронајдете не на следниве мрежи: