Алисон Дрискол е девојка која израснала со еден родител, мајка и. Покрај неа, нејзината самохрана мајка ја одгледала и нејзината сестра. Таа одлучила јавно да напише отворено писло во кое и се заблагодарува на неа, и сите самохрани родители во светот.Алисон во своето писмо се им обраќа не само на мајките туку на сите самохрани родители на овој свет. Таа вели дека децата кои имале само еден родител често забораваат да се заблагодарат на она што родителот им го овозможил.Во своето писмо таа вели дека самохраниот родител ја извршува функцијата на двајцата. Тој заработува и го храни своето семејство. Покрај тоа што ќе ја купи, тој ја готви храната. Освен што заработува за школувањето на своите деца, тој го следи секој чекор од нивното растење.„Иако работат двојно повеќе, тие никогаш не очекуваат ништо за возрат. Самохрани родители, ви благодарам што по долгиот и напорен ден, иако се разбудивте пред нас да ни подготвите појадок, вие легнувате после нас затоа што морате да ги измиете садовите од вечерата која сте ја подготвиле“, пишува во писмото Алисон.
Таа им се заблагодарува на самохраните родители на храброста која тие ја имаат. Храброста да ги напуштат своите соништа и да ја променат околината поради поекономичен дом.„Иако најчесто знаете дека нема да имате голема благодарност од нас, вие го жртвувате својот социјален живот и кариерата. Вие не се откажувате од нас дури и кога ќе ви упатиме некој глупав коментар полн со неразбирање“, продолжува во своето писмо Алисон.На крајот таа во писмото им се зблагодарува на самохраните родители на тој трновит и неизвесен пат за кој се одлучиле.Ова писмо трогна многу самохрани родители, а веруваме дека ќе допре и до вас.Алисон во своето писмо се им обраќа не само на мајките туку на сите самохрани родители на овој свет. Таа вели дека децата кои имале само еден родит



