ПИСМО НА ЕДНА МАЈКА: „Деца, ако не разбирате што е сарказам, нема да го преживеете летото“

Една мајка, блогерката М. Блејзонд, пронајде нов начин да им го сврти вниманието на нејзините деца – така што им напишала писмо.Периодот на летниот распуст може да биде вистинска борба, посебно ако сте родител на дете кое оди во основно училиште.
Писмото кое оваа мајка им ги напишала на децата, преполно е со иронија и сарказам, а на интернет е споделено преку 70.000 пати.
„Здраво деца,
Летово слободно оставете ги своите работи каде и да посакате. Напола испиени сокови во дневната соба? Не е проблем. Јас ќе ги тргнам. Чорапи во ходникот. Работам на тоа. Садови во мијалникот? Само носете ги… Лего коцки? Насекаде? Ги обожувам. О да, слободно носете ги ќебињата насекаде по куќата и оставете ги во оној момент кога повеќе не ви требаат. Јас ќе ги здиплам од љубов кон вас и ќе ги вратам во соба. А вратата? Затворањето е само опција. Јас сум веднаш зад вас, така што сериозно не треба да се грижите за тоа. Сакам кога врелиот воздух ќе влезе внатре, а ладниот од климата ќе излезе. Сите водиме политика на отворени врати во оваа куќа. И имаме бескрајно многу пари.
И потполно е во ред да ги оставите своите мокри костими за капење и пешкири на било која површина од подот. Сакам купчиња, но бидете креативни.
О да, ставањето на истите на обоени дрвени површини е најдобро. Ќе ги земам јас за да не го искриват дрвото.
И јавете ми кога сте гладни. Немојте да бидете ограничени со нормалните оброци. И немојте да се коориднирате едни со други. Кујната е отворена 24/7 и на мене ми е мило да ви зготвам што и да посакате, кога и да ви е потребно… јас дипломирав готвење во краток рок.

А ако правите нешто сами, само оставете го секој предмет таму каде што последен пат сте го користеле. А ако се расипе? Ма, ќе купам. Пари? Ма дајте ве молам, ќе работам повеќе…
И не грижете се за средување. Јас ќе одам по вашите стапки и ќе расчистувам. Забавно е да се живее индиректно преку вашето готвење. Како „ваууу, како ли само им успеа да изрендаат волку сирење на работната површина?“ Импресивно.
И секој пат кога сте жедни… само земете нова чаша. Ги имаме на стотина, а јас обожувам да ја полнам и испразнувам машината за садови, а имаме и бесконечно вода и струја. Светот е наш.
А што ако нешто искрсне со вашите пријатели? Јас сум тука, ќе ве возам до таму и ќе ве вратам или до пеколот, сеедно. Мислам, имам автомобил и имам дозвола, треба да ги користам за добри цели. И ве молам, нема потреба однапред да ме известувате за тоа, јас едноставно можам да престанам со сите активности, дури и со работата, за да ве однесам. Знам колку е скапоцено вашето време. Дали ви требаат пари за кино? Нема проблем!
А ти најмал, кога и да посакаш ќе те однесам на базен или плажа. Пред да тргнеме, можеш да се жалиш и да врескаш додека ти нанесувам крема за сончање. Не задржувај ништо во себе. Само биди свој. Изрази како се чувствуваш. Го обожувам предизвикот кога се оддалечуваш центиметар по центиметар додека те мачкам, добра вежба за истегнување на рацете и грбот. Убаво од тебе што мислиш на мене.
И не грижете се ниту за очилата за сонце. Тука сум. Мојата мисија ова лето е да знам каде ви се очилата за сонце во секој момент (во автомобилот… на левата страна… меѓу седиштата). Спијам со нив под перницата.
Само уште неколку ставки…
Превртување со очите? Да! Обожувам повратна информација на моите идеи и мисли. Како поинаку да измерам дали ве задоволив или не? Туширање? Опција. Вие знаете што е најдобро, тоа вам ви го препуштам. Носење капа? Не доаѓа во предвид. Колку повеќе сонце, толку подобро. Домашни обврски? Само кажете го е вистинското време за нив. Нечистотијата и мувлата нема никаде да отидат.
Уште една работа, ве молам секогаш да носите слушалки, така што да не можете да ме слушнете додека зборувам со вас. Комуникацијата и онака е преценета. Малку познат факт за мене? Сакам да викам на цел глас три до четири пати без одговор. Тоа ми е катарза.
Па, наречете ме луда, но ако се придржувате кон овие насоки, мислам дека ова лето ќе биде победа за сите нас.
Или ако не разбирате сарказам, нема да преживеете ни до јули! Во секој случај…
Ве сакам.“Периодот на летниот распуст може да биде вистинска борба, посебно ако сте родител на дете кое оди во основно училиште.
Писмото кое оваа мај

Пронајдете не на следниве мрежи: