Писмо на мајка кое ЌЕ ВЕ ВООДУШЕВИ: „Не трпи непочитување од луѓето, инаку…“

Во продолжените можете да прочитате писмо на една мајка до својата ќерка, во кое се обидува да ѝ ги пренесе животните мудрости коишто таа ги научила.„Да душо, знам дека мислиш дека сум стара. И јас грешев во текот на годините. Дали некогаш ми прости за онаа ужасна роденденска торта, која се обидов да ја направам за твојот осми роденден? Или што ти подарив маче, не знаејќи дека си алергична на влакна од мачка? Навистина ми е жал поради тоа, но во меѓувреме собрав некои информации за кои сметам дека можат да ти бидат од помош. Секако, би сакала некој тоа да го направел за мене.
Се надевам дека по ова повеќе нема да ме гледаш како проседа жена во ’60-те години од животот, туку како она што навистина сум: мајка којашто сака нејзината ќерка да не мора да поминува низ одредени тешки моменти (низ кои морав јас да поминам).
Еве кои работи сакам да ги знам на твои години.
1. Ти си најважната личност во твојот живот
Да, го кажав тоа и навистина го мислам. Една здрава форма на љубов кон самата себе те прави посреќна, ти помага да ги следиш своите соништа и истовремено ти дава сила да им делиш љубов на оние кои те опкружуваат. Лошиот вид на самољубие е всушност нарцисоидноста и таквите луѓе немаат намера да им пружаат љубов на другите.
Долго време мислев дека моето помагање на другите луѓе е всушност „мојот билет за Рајот“. Навистина мислев така. Се обидував да бидам што е можно подобра пријателка. Се трудев да не заборавам ничиј роденден. Бев рамо за плачење. Верував дека доколку тоа го направам, дека луѓето ќе ми се најдат во животот, кога навистина ќе ми бидат потребни и дека тоа ќе биде мојата награда затоа што сум „добра личност“.

Не сум била во право. Ова не значи дека не треба да им помагаш на другите или дека другите нема да бидат со тебе кога тоа ќе ти биде најпотребно, туку дека треба да се фокусираш на она што ти всушност го сакаш. Не можеш вистински да ги засакаш другите, доколку ти прво не се засакаш себеси. Ми требаше толку долго тоа да го сфатам и не сакам тоа да ти се случи и на тебе.
2. Никогаш не прифаќај непочитување
Без оглед на тоа дали станува збор за маж, пријателка или некоја сосема трета личност, никогаш немој да дозволиш било кој да те омаловажува. Секогаш заложувај се за самата себеси. Доколку тоа не го сториш, постои голема шанса да бидеш повредена и да ти биде жал што не си постапила поинаку.
Треба да бидеш храбра и силна. Не, не значи дека секогаш треба да ја „тераш правдата“, но не дозволувај кој било да ти го наметнува своето мислење и да манипулира со тебе. Знам дека доволно си зрела тоа да не го дозволиш, но имај на ум дека на овој свет не постојат само добри луѓе. Постојат и оние помалку добри, кои на некој начин ќе сакаат емоционално да те повредат, свесно или несвесно.
Предавството е навистина одвратна работа, но запомни ги моите зборови: секогаш треба да најдеш сила и храброст во своето срце за да простиш. Прости, но немој да заборавиш, бидејќи на тој начин повторно ќе ја направиш истата грешка во иднина. Верувај ми за ова.
3. Твоето семејство те сака над сѐ
Мислам дека тоа во твоите години е мошне лесно за заборавање. На крајот на краиштата „поминувањето на времето со семејството“ и не е баш иделната вечер за тебе и може да ти изгледа досадно.
Но вистината е дека љубовта на своето семејство е работа на која секогаш можеш да сметаш. Мислам дека тоа веќе го знаеш. Не постои работа на овој свет, поради која семејството би те напуштило. Знам за некои работи можеби е тешко да се зборува, но сакам да знаеш дека мене секогаш можеш да ми се обратиш во кое било време, дури и во глувото доба на ноќта. Доколку не можам да ти помогнам, можам барем да те сослушам. Ќе ти биде полесно.
Биди трпелива со себе и со другите. Ќе има многу подеми и падови, но доколку го имаш на ум ова што ти го напишав, полесно ќе ги пронајдеш својот внатрешен мир, силата и самодовербата.
Те сака, твојата мајка“.

Пронајдете не на следниве мрежи: